Умрел дегустаторот на позната фирма, производител на вино, и бил објавен оглас за вработување на нов дегустатор.
За тоа работно место се пријавил некој тежок пијандура. Директорот на фирмата долго размислувал како да го откачи. Му дале чаша вино на пијаницата, да го оценат колкаво е неговото познавање.
– Мушкат, три години старо, стоено во челична бочва. Низок квалитет, но прифатлив. – ко од пушка одговорил типот.
– Точно, – вика директорот, – дајте му уште една чаша за проба!”
– Каберне, 8 години старо, храстова бочва, ферментира на 8 степени целзиусови. За три години ферментација ќе ги покаже најдобрите резултати!”
– Точно!
И третата чаша бргу му ја дале.
– Бело шампањско вино – Пино, висок квалитет, ексклузивен! – ладнокрвно одговорил пијаницата.
Директорот е видно запрепастен, гледајќи го кандидатот со изгубен поглед, а тогаш му текнало како да се откачи од него. И’ намигнал на секретарката и нешто и’ шепнал, па она излегла од собата и покасно се вратила со чаша полна урина. Пијаницата пивнува, фрла уште еден поглед на чашата и вика:
– Плавуша, 26 години. Три месеци трудна и ако не ме вработите, ќе кажам кој е таткото!

- Што има брате? Од кај си?
– Од Македонија!
– Е? Супер, и јас сум од Македонија. Да мавнеме по една за Македонија?
И пијат една тура заедно. Првиов пак прашува:
– А, од кај од Македонија?
– Од Охрид.
– Ух, Охрид!! Браво друже и јас сум од Охрид! Дај да мавнеме уште по една тура за Охрид!!
– Како се викет мајкати и таткоти?
– Трајан и Гордна!! Аман бе и мојте така се викет ај да мавниме уште по една за нив!!!
Се напиле уште една тура кога првиов пак:
– А,во кое школо си учел средно?
– Па, матурирав тука одма кога ќе излезеш, лево.
– Леле, и јас! Дај уште по една чашка!
И така пијат уште две тури, кога во кафаната влегол некој стален гостин па го прашува келнерот:
– Па, што има денес?
Келнерот му одговара:
– Ништо друже, близнациве пак се камен пијани!