Седел Трпе дома, си фрлал кикирики во вис и ги фаќал со уста. Во еден момент го викнала Трпана, он се свртел и кикириката му влегла во уше. Се обидувал Трпе да ја извади кикириката од уше, никако не му успевало.
Дошла и Трпана на помош, но никако не им одела работата. По некое време се вратила ќерката од град заедно со нејзиниот дечко. Им раскажале што се случило, дека сакаат да одат кај доктор, но тогаш момчето рекло:
-Нема проблем, не треба да одите кај доктор, сега јас ќе ти помогнам, – му ставил на Трпе два прста во нос и му рекол силно да дувне. Трпе силно дувнал и кикириката излетала од увото. Сите биле среќни и весели, момчето се поздравило и си отишло. Трпана цела среќна му рекла на Трпе:
- Леле колку фино момче, што мислиш што ќе биде кога ќе порасне?
- Па, како му мирисаат прстите, сигурно ќе ни биде зет!
Во Њу Јорк од неодамна е отворен дуќан во кој жените можат да изберат и да си купат сопруг. На влезот се изложени следните упатства:
1. Можете да го посетите дуќанов САМО ЕДНАШ;
2. Овој дуќан има 6 ката. Kако што се качувате погоре карактеристиките на мажите се подобруваат;
3. Можете да го изберете кој било маж на катот на кој се наоѓате или да отидете на горниот;
4. Не може да се враќате на долните катови. Една жена одлучила да го посети дуќанот и да си најде партнер.
На вратата од првиот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа
Жената се одлучила да оди на горниот кат.
На вратата од вториот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа и сакаат деца
Жената се одлучила да се качи еден кат погоре.
На вратата од третот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца и се неверојатно згодни
Wow, помислила жената, но чувствува дека мора да се качи погоре.
На вратата на четвртиот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни и помагаат низ дома
-Неверојатно – си мисли жената – тешко можам да одолеам да не влезам… Но сепак, нешто ја тера да оди погоре, на следниот кат.
На вратата на петтиот кат пишува:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни, помагаат низ дома и многу се романтични.
Жената се решила да влезе, ама во последен миг нешто ја спречува и на крајот се одлучува сепак да се качи на шестиот кат.
На вратата од шестиот кат пишувало:
Вие сте посетителка број 51 352 177
На овој кат нема мажи. Овој кат постои за да се покаже колку е невозможно да се задоволи една жена. Ви благодариме што го посетивте нашиот дуќан. Од спротива на овој, постои друг дуќан, со 6 ката, во кој мажите можат да најдат и да си купат сопруга.
На првиот кат се жените што сакаат cekc.
На вториот кат се жените што сакаат cekc и не гњават премногу.
Катовите од третиот до шестиот НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ПОСЕТЕНИ.
Седи мајка со дете мало во автобус.До нив застанал некој човек.
Како што си се возеле во автобусот,детево му го гризнало прстот од рака на човекот.Во тој момент мајкава почнала да го мава детето,го треска од автобусот ко ненормална,и на човбеков незгодно му паднало па и рекол
-Добро госпоѓо,не е страшно,малце само ме гризна,па мало дете е,нема смисла.
А мајката,изнервирано:
-Аааааааааа,прст ваму,прст таму и после дома ручек не ми јаде!!!