Сме се собрале Рамче, еве како што гледаш, соберинела на сите твои роми пред твојата дупка.
Не памтиш ти Рамче, кога беше жив, беше бре сила, беше ауторитет за нас ромите.
Ма ти Рамче беше паша кај нас у Шутка – најлав беше од сите.
Ти текнуе ли бе Рамче кога правевме тепачка ја со Реџо, Реџо со Нусрет, Нусрет со Рамбо, а Рамбо со Ранду и после ти си доваѓал и си терал се у пичку материну.
Ооо Рамче, ти беше херој, само ти смееше да прднеш пред оној џандарон Лале без страв.
Ти беше прва виолина у наша циганска капела, свиреше бре Рамче како Штрафус, у уста да те ебам!
Ех друже Рамче, ти беше јуначинела на виолина.
А бре цигани, памтите ли како свиреше Рамче, да му ебам ја мајката циганска…
Па кога ќе фатеше она високо Це, па кога ќе ја засфиреше Ѓељам Даде, па цела публика му пее со него…
Леле, курафте била судбинава бе Рамче, еве те гледам бре лежиш ко труп на тоа мртовечкото, ма ми се иде и ја да идам у пичку матер.
Доста е бре Рамче, од жал ќе ми го напукне срце, пиздa ли ти матер што мораше да умреш така млад и зелен.
Отиде ти на оној другиот свет, жими kуp што ќе се вратиш на овој.
Нека ти е лесна ромска земја.
Ајде Рамче, да си жив и здрав!
Кралицата Елизабета, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски заедно отишле директно во пеколот.
По некое време, Кралицата рекла:
- Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи.
- Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Буш станал љубоморен и почнал да вреска:
- Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Бранко станал уште пољубоморен и државнички извикал:
- И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, со Шема, со Медо, со Коста, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел… го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
- Колку дужам?
- Десет денари, рекол Ѓаволот.
- Како тоа 10 денари? Ови разговараа самонеколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
- Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локален повик.
Умира Фидел Кастро и со чадор доаѓа до пред рајските порти. Таму Свети Петар му вели:
- Седнете, почекајте да видам каде имаме резервирано место за вас.
Гледа Свети Петар во главниот список Фидел го нема, го нема ни во дополнителниот список. Што да прави, луѓе умираат во толпи, рајот преполн со народ, пик сезона е. Му вика на Фидел:
- Ништо не можам да направам пријателе, туку ти спушти се во пеколот да видиш што ќе направиш.
Оди Фидел Кастро во пеколот и таму го чека Луцифер со широко раширени раце за добредојде.
- Здраво живо, одамна те чекаме овде. Ти имаме спремено соба со сите салтанати. Жени, цигари, комар, текила. Туку ајде да седниме да се напиеме по една за добредојде.
Седнале Луцифер и Фидел, јадат, пијат, прават муабет за животот, кога одеднаш Фидел се сетил дека си го заборавил чадорот кај Свети Петар. Луцифер му вика седи ти јас ќе средам. Вика две ѓаволчиња и им вели:
-Тркнете набрзина до рајот да го земите чадорот од командантот Фидел.
Одат ѓаолчињава во рајот, стигнуваат пред рајските порти, арно ама на Свети Петар му завршила смената и рајот бил затворен. Се мотаат ѓаолчињава наваму-натаму не знаат шо да прават. Да се вратат без чадор во пеколот не ја бива. Луцифер ќе се налути ќе ги свари. Мислат, мислат и решиле да ја преминат оградата.
Преминувајќи ја оградата од другата страна ги гледаат два Архангели, задолжени да ја чуваат границата и едниот му вика на другиот:
- Види, види што се дешава! Сѐ на сѐ 20 минути Фидел Кастро е во пеколот, а веќе почнаа да доаѓаат кај нас бегалци.
Фраер и се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште. Ја кани на состанок и таа се согласува. Ја прашал:
- Може да се напиеме нешто?
- Не, благодарам. Ако прифатам покана на пијалок, што ќе им кажам потоа на своите ученици на часот по веронаука?
После долга прошетка по градот и понудува цигара, а таа одбива со зборовите:
- Не, благодарам, тоа никако. Што би им кажала на моите ученици по веронаука после такво нешто?
Се враќаат во кола, а на патот кон дома типот здогледува мотелче. Си помислил, ај, нема што да изгубам, па ја прашал:
- Сакаш да поминеме таму?
- Може!
- Му одговорила.
Изненаден од нејзиното прифаќање, ја прашува:
- Полека, полека, што ќе им кажеш на своите ученици по веронаука?
Таа му одговара ладнокрвно:
- Токму тоа што секогаш им го кажувам:
"Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино"