Фраер и се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште. Ја кани на состанок и таа се согласува. Ја прашал:
- Може да се напиеме нешто?
- Не, благодарам. Ако прифатам покана на пијалок, што ќе им кажам потоа на своите ученици на часот по веронаука?
После долга прошетка по градот и понудува цигара, а таа одбива со зборовите:
- Не, благодарам, тоа никако. Што би им кажала на моите ученици по веронаука после такво нешто?
Се враќаат во кола, а на патот кон дома типот здогледува мотелче. Си помислил, ај, нема што да изгубам, па ја прашал:
- Сакаш да поминеме таму?
- Може!
- Му одговорила.
Изненаден од нејзиното прифаќање, ја прашува:
- Полека, полека, што ќе им кажеш на своите ученици по веронаука?
Таа му одговара ладнокрвно:
- Токму тоа што секогаш им го кажувам:
"Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино"
Стои Свети Петар со три жени кои чекаат да им биде одредено каде ќе одат, рај или пекол, па прастариот Петре почнува да прашува:
- За што вие најмногу го користевте вашиот женски полов орган?
Првата одговара:
- Јас, Свети Петре, 80% мојава ја користев за cekc, 20% за мочање.
- Повели чедо, право во рајот, таму ти е тебе местото.
Втората вели:
- Јас Петре мојава ја арчев 50% за cekc, 50% за мочање.
- Ајде и ти во рајот, чедо, влези си низ портите.
Третата:
- Јас Свети Петре 90% ја користев за мочање, 10% за „онадење“.
- Ах, ако е така, жалам, ти не можеш во рајот чедо.
- Ама зошто Свети Петре?
- Па ова е рај чедо, а не WC!
На ручек на кој е повикано семејството од соседството, малиот Трпе ја кажува следнава молитва:
- Господе, фала ти што ми даде толку добри родители,
- Фала им на гостите и нивните деца, кои ми ги изедоа сите слатки и сладоледот, благослови ги така што нема да доаѓаат пак.
- Прости му на синот на соседот кој се валкаше со мојата сестра на нејзиниот кревет, и на неговата сестра затоа што го јадеше колбасот од гаќите на мојот брат.
- Те молам, Господе, да им испратиш облека на сите сиромашни за да не им студи зиме, и на сите оние голи тетки од компјутерот на тато.
- И конечно те молам конечно да им изградиш скривалиште на сите јадни мажи, кои се кријат во собата на мама кога е тато на работа.
Перо работи како чувар во Фабрика.
Еден ден во фабриката доаѓа на посета претседателот на Македонија.
Кога поминувале покрај Перо претседателот извикнал:
- Перо, ти ли си бе?
- Јас сум претседателе. - одговорил Перо.
На шефот му станало многу чудно тоа што претседателот го познава Перо, па окако си заминал го повикал Перо во неговата канцеларија.
- Абе Перо од кај се знаеш ти со нашиот претседател? - прашал шефот.
- Шефе, абе знаеш дека мене цел свет ме познава?
- Како тоа бе Перо?
- Така бе, нема човек жив на светот што не ме познава!
- Те знае ли бе Обама сакаш да кажеш?!
- Тиииии бе шефе, Обама ми е еден од подобрите пријатели!
- Епа ај ќе отидиме до Вашингтон јас плаќам карти, тебе претседател на Америка нема шанси да те знае!
И одат Перо и шефот во белата куќа, ѕвонат, и отвара Мишел:
- Ohoo Pero, what a wonderful surprize! Come in, Obama is in the backyard!
Шефот вилицата до земја!
Не му се верува што гледа!
Делириум, па вели:
- Перо, нема шанси тебе папата да те знае!
- Хахахаа шефе бе, па Папата ми е куќен пријател!
- Со моите од мали нозе се знае!
- Оди бе лажго еден, одиме во Ватикан одма! - вика шефот.
Одат во Ватикан, Недела ден, Папата од Балконот држи миса, а илјадници верници пред него.
Перо вели:
- Шефе, нема да ме види вака, многу гужва е, ќе одам јас, ме знаат стражарите, ќе ме пуштат да се качам докај него.
Шефов паѓа од смеа, ама ај, му вика, оди.
Се качува Перо на балкон со Папата, се прегрнуваат, Папата мафта на народот, Перо исто до него, двајцата насмеани и мафтаат.
Се симнува Перо доле кај рајата, и го бара шефот, гледа на едно место собрани поголем број луѓе во круг.
Се турка Перо, и гледа легнат шефот на земја, срцев удар доживува:
- Шефе бе! Шефе бе шо ти е?!
- Перооо, не мможам, Перо бе?
- Кажи шефе, кажи!
- Се можев да поднесам, и претседателот и Обама, те гледам и тебе горе, со папата, ама дамла ме удри кога еден кинез ме подбуцна, и ме праша:
- Абе, кој е оној горе до Перо?!