Се возат прилепчани во воз. Жешко времето, па ожеднале. Имало ресторант услуга, па решиле да нарачаат за пиење:
- Келнер, дај по едно пепси, ожеднавме ебаго!
- Пепси нема, само кока кола ако сакате
- вели келнерот.
Се чудат прилепчани што ќе да е тоа кока кола, ама ај, нејсе... пуста жед не се трпи, па се сложиле. Еден од нив вика:
- Чекајте брајча, да видиме шо е ова чудо. Прво јас че пробам, че се напијам, па ако чини, че пијате и вие. Да не умриме сите наеднаш ебаго!
Се сложиле прилепчани и човекот го крева шишето да пие, арно ама во моментот возот влегол в тунел.
- Пфффф...(плука) Не пијте брајча очорееев!
Отишол Трпе на доктор и почнал да му се жали за својот алат. Докторот го прегледал и видел дека алатот му е цел загноен и воспален, па почнал да му поставува прашања...
- Па добро Трпе од што може да ти е ваков?
- Ете ни јас самиот не знам.
- Како се храниш?
- Се јадам и не сум алергичен на ништо.
- А сексуалниот живот?
- Па ете, станувам насабајле и ја плескам жена ми, доручкувам пак ја плескам жена ми, одам на работа па таму ја плескам шефицата, па секретарката, одам на ручек па ја плескам келнерката, па сопственичката на ресторантот, па назад на работа пак ја плескам шефицата, па секретрката, доаѓам дома па ја плескам жена ми, вечерам и уште еднаш ја плескам жена ми и спијам...
- Па ете од што ти е...
- Еееее, а јас цело време мислам дека од многу дркање ми е.
Седнуваат маж и жена во елитен ресторан да вечераат!
По извесно време во ресторанот влегува згодна девојка, се упатува кај мажот и му седнува во скутот:
- Па каде си љубов моја, те нема да се јавиш 7 дена, не си дојден не памтам од кога, кога ќе се видиме, јави ми се обавезно, станува и си оди!
Жената го прашува својот маж:
- Која ти е оваа?
Мажот мртов ладен одговара:
- Швалерка!
Жената шокирана:
- Ѓубре едно, зар пред моите очи, утре барам развод, оди во п. М.
А мажот :
- ОК! Утре добиваш развод но сфати го следново, кога ќе се разведеш, нема летување во Грција, Шпанија, Египет, Хаваи, Кариби... нема зимување на Алпите, Копаоник... нема скапи коли, јахти, шопинг, накит, шминки, вечера во скапи ресторани...
Жената замолчува.
После неколку минути во ресторанот влегува нивниот познаник, но не со жената туку со згодна девојка!
Кога го виде, жената го прашува својот маж:
- Која е онаа?
На тоа мажот одговара:
- Неговата швалерка!
А жената ни 5 ни 6 вели:
- Нашата е поубава!