Оди едно дете кај татко си и го прашува што е тоа политика. Татко му вели:
- Па, сине, ќе ти го објаснам тоа симболички, а ти потоа размислувај… Јас сум глава на семејството, значи јас сум "Капиталист", мајка ти ја средува куќата, значи таа е администратор, односно "Влада". Ние се грижиме за тебе и брат ти – значи вие сте "Народот". Гувернантата работи напорно за малку пари, значи таа е "Работничка класа", а твоето помало братче е "Иднината".
Истата ноќ детето го слуша малото братче како плаче, оди кај него и гледа дека треба да му се смени пелената. Потоа оди во собата на родителите да им каже. Таму ја наоѓа само мајка си како спие, па не сака да ја разбуди и затоа решава да оди кај гувернантата. Ѕирка низ клучалката, гледа дека татко му е во кревет со неа и пак си се враќа во кревет.
Утредента му вели на таткото:
- Тато, мислам дека сфатив што е тоа политика.
- Одпично синко. Кажи ми со свои зборови како ја сфаќаш.
- Па, додека Капитализмот ја ебеше Работничката класа, Владата спиеше, Народот беше игнориран, а Иднината беше до грло во гомна.

Градоначалникот на општината требало да одржи говор на прослава по повод 15 годишнината од службата на општинскиот свештеник.
Бидејќи градоначалникот доцнел, свештеникот решил да одржи краток говор за да помине времето.
- Првиот свој впечаток за општината јас го добив од првиот исповед.
- Кога го сослушав си помислив дека Архиепископот ме прати на ужасно место.
- Првиот човек кој се исповеда ми кажа дека крадел пари од своите родители, дека многу крадел на работното место, често ја изневерувал жената со пpoctиtуtkи, а понекогаш продавал и дрога.
- Како капак на сето тоа ми кажа дека се заразил со венерична болест од својата сестра.
- Бев потресен...
- Но со текот на времето се запознав и со другите луѓе и видов дека не се сите такви.
- Видов паметни, добри и одговорни луѓе.
- Ете така поминаа 15 години од мојата кариера како свештеник.
Конечно дошол и политичарот за да оддржи својот долгоочекуван говор. Се извинил за доцнењето и почнал:
- Никогаш нема да го заборавам тој ден кога се појави нашиот нов свештеник.
- За моја огромна среќа јас прв се исповедав кај него...