На Трпана и доаѓа швaлерот дома додека маж и бил на работа. Нејзиниот 9 годишен син упаѓа дома ненадејно, ги здогледува и се сокрива во ормар. Мажот исто така ненадејно се појавува а жената го става швалерот во ормарот.
Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Да, мрачно е.
Малиот: Имам фудбалска топка.
Швалерот: Баш убаво.
Малиот: Сакаш да ја купиш?
Швалерот: Не, фала.
Малиот: Татко ми е надвор, знаеш?
Швалерот: Добро, колку пари?
Малиот: 250 евра.
По неколку недели, малиот и швалерот повторно се сретнуваат во истиот ормар
Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Аха, мрачно е.
Малиот: Имам патики.
Швалерот веднаш прашува: Колку пари?
Малиот: 750 евра.
Швалерот: Добро, купувам.
Неколку дена подоцна, таткото му вика на синот:
– Ај земи патики и фудбал и ќе одиме надвор да играме.
Малиот: Не можам, ги продадов и патиките и фудбалот.
Таткото: Ги продаде? За колку пари?
Малиот: Заедно за 1000 евра.
Таткото: илјада евра? па тоа е одвратно, така да ги дереш своите пријател! Тоа е многу повеќе отколку што тие работи вредат, одма те носам во црква за да се исповедаш!
Таткото го зел синот, го однел во црква и го оставил во просторијата за исповедање.
Малиот: Мрачно е овде
Попот: Еј, ај не ми почнувај пак со тоа срање.
Му стига на Трпе препорачано писмо од УЈП, лично таму да се појави, бидејќи многу малку приход пријавил за данок.
Прво отишол кај сметководителката да се консултира, и сметководителката му вика:
- Облечи го нај старото одело, да изгледаш сиромав, они да видат дека немаш пари, и дека го имаат погрешено пресметано данокот.
Трпе за секој случај отишол и кај адвокат, и овој му рекол:
- Море облечи го најубавото одело што го имаш, ќе видат дека ги почитуваш и може ќе ти ја намалат цифрата за плаќање данок.
Трпе збунет, отишол и кај попот, и него да го праша.
Попот молчел некое време, и му рекол:
- Ќе ти кажам една приказна Трпе... Во очи на свадба младата невеста ја прашува мајка си, каква спаваќа да облече за првата брачна ноќ. Мајка и рекла долга со долги ракави, после ја прашала сестра си, а она и рекла куса и cekcи спаваќа...
- Ама попе што има врска оваа приказна со мене?!
- Иста е како твојот случај бе Трпе, што и да облечиш, ќе те eбat!