Трпе и Цветко разговараат. Трпе му вели на Цветко:
– Се сеќаваш ли пред 3-4 месеци кога замолив еден таксист да ме однесе до дома, имав само 50 денари в џеб, а тој пред цело друштво ми рече: „Ако си таков вошкар да немаш 100 денари за такси, оди до дома пеш“.
– Да, се сеќавам, баш беше безобразен.
– Е да знаеш, вчера му се одмаздив.
– Навистина? Како?
– Го гледам паркиран чека муштерии. Пред него паркирани уште 5-6 други такси возила. Влегувам во првото и му велам на таксистот: „Мајсторе, може ли за 50 евра да ме однесеш до дома да ме однесеш до дома, ама во цената е вклучена и партија cekc“. Таксистот ми вели:„Мрш надвор педеру еден“. Јас излегов, и влегов во второто такси. И таму го поставив истото прашање, и нормално, и од таму ме избрка таксистот. И така направив во сите коли. За малку се спасив од ќотек. Ама одмаздата е слатка. И така дојдов до мојата жртва, и му викам: „Мајсторе, колку ќе ме чини да ме однесеш до дома, таа и таа адреса?“. Тој ми вели „100 денари“. Јас решително му велам „Вози мајсторе“- и тргнавме.
И така додека ги поминуваше паркираните такси возила пред нас, на секој од таксистите каде што влегов им испратив широка насмевка и им покажав среден прст.
Сите жени копаат, само Рита Ора.
Сите луѓе сакаат земја, само Бруно Марс.
Сите луѓе имаат куќа, само Александра Стан.
Сите сакаат сол, само Џастин Бибер.
Сите луѓе имаат рака, само Сара Шепа.
Сите мажи се татковци, само Едо Мајка.
Сите сме луѓе, само Дарио Срна.
Сите будни, само Бакари Сања.
Сите луѓе миксаат, само Лионел Меси.
Сите машки имаат обичен, само Сулејман Величествен.
Сите жени се змии, само Дара Бубамара.
Сите го сакаат лавот, само Тео Волкот.
Сите после грав кењаат, само Рикардо Кака.
Сите читаат книга, само Мерил Стрип.
Сите пеат за пари, само Лејди Гага
Сите се имаат лапано, само Антонио Касано.
Сите возат Ауди, само Цановски Фиат.
Сите се луѓе, само Мајкл Овен.
Сите пушат Марлборо, само Канје Вест.
Сите возат свој автомобил, само Неда Украден.
Сите носат патики, само Хуго Босс.
Сите машки си играат со колички, само Стипе Плетикоса.
Сите се жалат за старост, само не езеро Младост.
Сите пушат цигари, само Тиаго Мотта.
Сите сакаат бензинци, само Вин Дизел.
Сите луѓе сакаат BMW, само Харисон Форд.
Сите сме мамини синови, само Боатенг Кевин Принц.
Сите сме биле тепани, само Горан Каран.
Сите одат у десен правец, само Јоаким Лев.
Сите сме ја виделе Европа, само Сандра Африка.
Влегува Цветко во бар во Германија и гледа еден огромен сад полн со банкноти од по 100 евра и го прашува шанкерот:
– Што се овие?
– Кладба е, ставаш стотка во садот, јас ти давам 3 задачи, ако ги испилниш парите се твои.
– А какви се задачите?
– Стави стотка и ќе дознаеш.
Од љубопитнос Цветко става сто евра во садот.
– Значи треба да испиеш шише текила на екс, овде зад барот има еден питбул треба да му го извадиш расипаниот заб со голи раце, а над нас живее една 80 годишна баба која мечтае некој да ја задоволи за последен пат.
Цветко си помислил:
– Задачите се тешки, ама со мака сум ги заработил стоте евра и не се откажувам.
Го крева шишето текила и го пие на екс, потоа оди зад барот од таму се слуша борба, кршење, кучешко ржење, а потоа и кучешко завивање. Се стишува.
Се појавува Цветко целиот распартален и прашува:
– Каде е бабата со болниот заб?