Во црквата свештеникот држи проповед за 10-те божји заповеди.
Кога зборувал за заповедта “не кради”… … забележал како Трпе во првиот ред почнал непријатно да се врти на сите страни. Подосна кога кога стигнал до “не ја посакувај жената на ближниот свој”, Трпе се смирил и на лицето му се забележала насмевка. По службата, свештеникот му приоѓа на Трпе и го замолува да му го објасни неговото однесување.
- Знаете, оче, додека говоревте за заповедта “не кради”, забележав дека ми го нема чадорот. Но штом дојдовте до “не ја посакувај жената на ближниот свој” веднаш се сетив каде сум го заборавил!
Градоначалникот на општината требало да одржи говор на прослава по повод 15 годишнината од службата на општинскиот свештеник.
Бидејќи градоначалникот доцнел, свештеникот решил да одржи краток говор за да помине времето.
- Првиот свој впечаток за општината јас го добив од првиот исповед.
- Кога го сослушав си помислив дека Архиепископот ме прати на ужасно место.
- Првиот човек кој се исповеда ми кажа дека крадел пари од своите родители, дека многу крадел на работното место, често ја изневерувал жената со пpoctиtуtkи, а понекогаш продавал и дрога.
- Како капак на сето тоа ми кажа дека се заразил со венерична болест од својата сестра.
- Бев потресен...
- Но со текот на времето се запознав и со другите луѓе и видов дека не се сите такви.
- Видов паметни, добри и одговорни луѓе.
- Ете така поминаа 15 години од мојата кариера како свештеник.
Конечно дошол и политичарот за да оддржи својот долгоочекуван говор. Се извинил за доцнењето и почнал:
- Никогаш нема да го заборавам тој ден кога се појави нашиот нов свештеник.
- За моја огромна среќа јас прв се исповедав кај него...
Еден млад католички свештеник имал толку многу трема што за време на својата прва миса не можел да прозбори ниту еден збор па се обратил кај бискупот да му даде совет. Овој му кажал следен пат да испие една чаша вода со неколку капки вотка и одма ќе се почуствува послободно. После тоа, свештеникот се чуствувал толку добро што веќе ништо не можело да го вознемири. Меѓутоа, по враќањето од мисата наишол на следново од бискупот:
" Почитуван свештенику, следен пат да ставите неколку капки вотка во една чаша вода а не обратно. Освен тоа, еве уште неколку совети за некои испади да не се повторат:
1. Не е потребно да ставате парчиња лимун на ивицата од пехарот.
2. Не се потпирајте повеќе на статуата на блажената девица Марија, не ја гушкајте и не ја љубете.
3. Постојат 10 заповеди а не 12, 12 апостоли а не 7. И ниеден од нив не бил џуџе.
4. Исус и неговите ученици не ги викајте "И. Х. и компанија".
5. Давид го победил Голијат со прачка и камен, не го измлатил и му го растурил мозокот.
6. Јуда не го викаме курвин син.
7. Папата не морате да го викате El Padrino.
8. Бин Ладен нема никаква врска со смрта на Исус.
9. Нафората не е закуска за со вино него за верници.
10. Грешниците одат во пеколот а не у пичку матер.
11. Тој во аголот, кој го нарековте педер, контраш и транвестит во сукња, бев јас.