Home
категории вицови
Popular
Facebook Вицови
Слики
Најпопуларни
Најнови
8-ми Март
Аптека
Брак
Вицови за адвокати
Вицови за Трпе и Трпана
Доктор
Живот
Он и Она
Работа
Секс
Спорт
Вицеви за Плавуши
Вицеви за полицајци
Вицови за гејови
Вицови за семејството
Глупи Вицови
Деца
Еротски
Жени
Животни
Златна риба
Изреки
Информатички
Летен одмор
Личности
Лудница
Мажи..
Навреди
Образованиe
Пензионери
Пијани луѓе
Политички
Прашање - одговор
Религија, Верски вицови
Си биле...
Сличности/разлики
Црн хумор
Чак Норис
Безобразни вицеви
Вицеви за Евреи
Вицеви за училиштето
Вицови за тъшта
Вицови за фудбал
Вицове за училището
School jokes, Teacher Jokes
Witze über die Schule
Chistes sobre la escuela
Анекдоты про Школу
Blague sur l'école
Barzellette sulla Scuola
Ανέκδοτα για το σχολείο
Македонски
Okul fıkraları
Анекдоти про Школу
Piadas sobre a escola
Żarty o szkole
Skämt om skolan
Grappen over school
Vittigheder om skolen
Vitser om skolen
Kouluvitsit
Iskolai viccek
Glume despre şcoală
Vtipy o škole
Anekdotai apie mokyklą
Joki par skolu
Vicevi o školi
My Jokes
Edit Profile
Logout
Најнови
Вицеви за училиштето
Вицеви за училиштето
Додади виц
Најнови
Најпопуларни
Наставникот:
Јас немам, ти немаш, тој, таа, тоа немаат… Трпе, кое време е ова?
Трпе:
– Сиромашно време.
0
0
4
Наставникот ги прашува учениците:
– Кој од вас знае да ми посочи еден пример за долготрајност на чесноста ?
Трпе крева рака:
– Јас наставниче. Кога препишувам домашна, завршувам побрзо отколку кога ја пишувам домашната сам. Значи, чесноста трае подолго.
0
0
4
Трпе ја прашува наставничката:
-Наставничке , ги прегледавте ли тестовите?
Наставничката му одговара;
– Па имам и друи ученици освен вас!
– Наставничке, јас не ја напишав домашната работа!
– Зошто Трпе ?
– Па имам и други наставници освен вас…
0
0
4
Учениците од едно училиште биле во посета на едно село. Сретнале еден овчар и го прашале:
– Колку овци имате?
– Не знам деца, штом избројам до 100, одма заспивам.
0
0
4
На час:
– 2+2=4.
За домашна:
– 4*2=8.
На тест:
– Марко има две јаболка едното го јаде, а едното му го дава на другарот, пресметај ја масата на сонцето.
0
0
4
Како да станеш за на училиште?
– Стави ја Гулабица за аларм во 7:00 и ќе станеш во 6:50 за да не ја слушаш.
0
0
4
Како на латински се вика наставник?
– Замарантус!
0
0
4
Му се јавуваат на Трпе од основното училиште на телефон:
– Господине, син ви кажува многу лаги.
– Епа, кажете му дека е многу добар зошто јас немам деца.
0
0
4
Учителката пишува со левата рака на таблата, а малиот Трпе зачудено гледа и одеднаш:
– Учителке па вие немате влакна под левата пазува.
Учителката мирно му вели:
– Трпе, спакувај ги твоите работи и оди си дома, за денес толку.
Утредента, на часот учителката пишува со десната рака и пак Трпе гласно го прокоментирал тоа што учителката нема влакна ни под десната пазува. Тука на учителката и пука филм и му вели да си ги спакува работите и да не доаѓа на училиште цела недела. По недела дена Трпе е пак на училиште.
Во еден момент на учителката и паѓа кредата на подот, таа клекнува да ја земе, а Трпе се наведнува да види каде се отркалала кредата. Потоа веднаш станува и почнува да се пакува.
Учителката го прашува:
– Каде ти, а?
Трпе, мртов-ладен:
– За мене оваа училишна година е завршена.
0
0
4
Малиот Трпе се враќа од училиште и Трпана го прашува:
– Сине што учевте математика?
А детево и вика:
– Земавме за дропки.
Ама не му било јасно за дропки и ја прашува мајка си дали може да му објасни.
– Имаш една пита и кога ќе ја поделиш на пола што ќе добиеш?
– Една половина!
– Точно, а кога ќе ја поделиш уште на пола?
– Една четвртина!
– Точно, а кога таа пита ќе ја поделиш уште на 125 делови што ќе добиеш?
– Ќе останат само трошки.
0
0
4
Во училиштето научивме:
– Да џвакаме мастики со затворена уста.
– Да спиеме со отворени очи.
– Да пишуваме СМС-пораки без гледање во телефонот.
– Да се преправаме дека го разбираме секој збор што ќе го каже професорот.
– Да лажеме.
– Да се преправаме дека пишуваме.
– Да ги декорираме кориците на тетратките.
И кој тврди дека училиштето не е корисно?
0
0
4
Малиот Трпе си доаѓа од училиште и баба му го прашува:
– Што учевте денеска?
– Учевме еден збор со три букви.
– Марш до ѕидот, казнет си!
Си доаѓа мајка му и го прашува:
– Зошто стоиш овде казнет?
– И кажав на баба дека учевме еден збор со три букви…
– Иии, продолжи таму да стоиш!!!
Си доаѓа татко му:
– Зошто стоиш овде казнет?
– Па им реков на баба и мама дека на училиште учевме еден збор со три букви.
– Кој збор го учевте?
– Мир.
– Ау, ау, ау! Тие мајка ти и баба ти само на kуp мислат!
0
0
4
Во едно училиште учеле две другарчиња, едното богато другото сиромашно. Еден ден богатото го прашува сиромашното:
– Абе што јадеше ти вчера?
– Грав.
– Добро јас јадев ќебапи.
Така неколку дена го прашувало, детето одговарало грав, а богатото му велело дека јадел ќебапи. Сиромашното отишло дома и му кажува на таткото:
– Тато дај бе купи ми ќебапи да видам што е тоа, едно другарче секој ден ме прашува што сум јадел, јас му викам грав, а тоа ми вика дека јадело ќебапи.
И таткото му вика:
– Сине па од каде тој знае што си јадел. Кажи му ќебапи јадев и готово.
И утредента ова сиромашново да се пофали и прво го прашува:
– Абе што јадеше ти вчера?
И богатото му вели:
– Ќебапи, а ти?
-И јас ќебапи.
– Навистина? И колку изеде?
– Една црпка. – одговорило сиромашното.
0
0
4
Професорот: Ученици дали постои Господ?
Учениците: Да постои!
Професорот: Може ли да го видите?
Учениците: Не!
Професорот: Може ли да го допрете?
Учениците: Не!
Професорот: Епа тогаш не постои Господ.
Ученик: Се извинувам професоре, можете ли да го видете вашиот мозок?
Професорот: Не!
Ученикот: Можете ли да го допрете?
Професорот: Не!
Учениците: Па тогаш немате мозок!
0
0
4
Наставникот го прашува ученикот:
– Кога ќе го поправаш кецот?
– Ако не оваа година, наредната сигурно.
0
0
4
На час по географија. Наставник:
- Што е оската на земјата?
Студент:
- Оската на Земјата е замислена линија која поминува од еден пол до друг, и на кој земјата се врти.
- Многу добро. Сега, може да висат алиштата на таа линија?
- Да, наставнику.
- Навистина, а каква облека?
- Имагинарна облека.
0
0
4
Си доаѓа Трпе од училиште и татко му го прашува:
- Сине, како оценките?
- Маршираат, тато, маршираат!
- Како бе сине маршираат?
- Ќе ги видиш во дневникот тато, еден,два,еден,два,еден,два,еден,два.
0
0
4
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се жали од татко ми!
0
0
4
Предходна
Следна