19 причини зошто е подобро да си од посилниот пол;
1. Со една фризура можеш да тераш години, дури и цел живот.
2. Секој пат доаѓаш до оргазам.
3. Не ти треба ништо друго, освен четка за заби за да преспиеш на друго место.
4. Не ти е гајле ако на втора забава по ред некој е облечен во иста облека.
5. На 55 можеш да изгледаш подобро отколку на 35.
6. Автомеханичарот секогаш ти ја кажува вистината.
7. Мустак за тебе е прашање на избор, а не проклетство.
8. Презимето никогаш не ти се менува.
9. Можеш да погодиш петта брзина од прва! Рикверц исто така!
10. Луѓето не те зјапаат во градите додека им зборуваш.
11. Телефонскиот разговор ти трае 30 сек. „Ало. Одговараш на прашањето. Чао.“
12. Знаеш се за фудбалот и за автомобилите.
13. Можеш да отвориш тегла, без да си ја искривиш фацата
14. Можеш да смениш автомобилска гума.
15. Можеш да станеш од кревет 10 минути пред да излезеш.
16. Кога си облечен официјално можеш да трчаш, без минувачите да умрат од смеа.
17. Не се мислиш на која страна се врти штрафот.
18. Некој може да не те покани некаде и пак да си останете пријатели.
19. Можеш да се потстрижеш и за 100 денари.
Во зоолошката градина горилата се разгонила, почнала да го крши кафезот, да ги плаши посетителите, да рика – страшна работа.
Менаџерот почнал да им ѕвони на колегите од другите градови, но најевтина понуда за мажјак горила била 15.000 €, а толкав буџет немале. Се собрале вработените и зборуваат за проблемот.
Сите се чуделе што да прават, додека Пешо не станал и рекол:
– Шефе, Што не викнеме Лазо Длгио, тој ќе ја среди.
– А ќе може ли да заврши работа?
– Што мислите, зошто го викаат така?
– А колку пари да му дадеме?
– 100€ му се доволни!
Го викнале Лазо Длгио и му го кажале проблемот и понудата. Лазо Длгио помислил малку, па рекол:
– Шефе, нема проблеми, ама имам два услови: Прво нема да ме терате да ја бакнувам!
– Нема Проблем, Лазо, а вториот?
– Вториот е, ако може, за парите да ме почекате малку оти ги немам на куп…

Брокерска фирма одлучува да назначи нов шеф, кој ќе воведе ред и ќе го разниша застарениот систем на работење.
Назначуваат млада плавуша и и дозволуваат да отпушта на лице место. Плавушата тргнува по канцелариите и уште во првата канцеларија гледа маж што стои и се потпира на вратата. Со два скока веќе е кај него:
– Ти, да ти… колку пари заработуваш месечно?
– 200 евра, зошто? Плавушата вади од џебот 200 евра.
– Еве ти ја месечната плата… исчезнувај… и да не сум те видела повеќе во канцеларијата!
Плавушата со чувство на гордост по првото отпуштање им се обраќа самоуверено на сите во канцеларијата, кои веќе онемеле тотално.
– Ова нека ви биде лекција! – И потоа брзо избира една бринета и и вели:
– Од денес, ти ќе ги извршуваш неговите обврски! Јасна ли сум?
Бринета некако наоѓа сили и и вели:
– Но… јас, немам поим… од разнесување на пици.