Ги прашала учителката децата што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Прв се јавил малиот Мики:
- Ја ќе бидам мафијаш.
- Аман бе дете, зошто мафијаш?
- Така фино, најјак сум, сите ми се плашат, сите жени ме сакаат, пун сум со пари, возам мерцедес…баш онаков како оној што е паркиран доле пред влезот.
Се јавил малиот Боби:
- Ја ќе бидам Бане.
- Зошто баш Бане?
- Е како зошто, имам многу пари, ме чуваат телохранители, имам куќа на Водно, и ме возат во мерџо…баш ко оној најновиот модел што е паркиран доле.
Се јавува и малиот Трпе:
- Јас наставничке би сакал да бидам влакнест по цело тело.
- Како бе Трпе влакнест?
- Видете наставничке, мојата сестра е влакнеста само малку меѓу нозете, а она доле е нејзиниот мерцедес.
Оди едно дете кај татко си и го прашува што е тоа политика. Татко му вели:
- Па, сине, ќе ти го објаснам тоа симболички, а ти потоа размислувај… Јас сум глава на семејството, значи јас сум "Капиталист", мајка ти ја средува куќата, значи таа е администратор, односно "Влада". Ние се грижиме за тебе и брат ти – значи вие сте "Народот". Гувернантата работи напорно за малку пари, значи таа е "Работничка класа", а твоето помало братче е "Иднината".
Истата ноќ детето го слуша малото братче како плаче, оди кај него и гледа дека треба да му се смени пелената. Потоа оди во собата на родителите да им каже. Таму ја наоѓа само мајка си како спие, па не сака да ја разбуди и затоа решава да оди кај гувернантата. Ѕирка низ клучалката, гледа дека татко му е во кревет со неа и пак си се враќа во кревет.
Утредента му вели на таткото:
- Тато, мислам дека сфатив што е тоа политика.
- Одпично синко. Кажи ми со свои зборови како ја сфаќаш.
- Па, додека Капитализмот ја ебеше Работничката класа, Владата спиеше, Народот беше игнориран, а Иднината беше до грло во гомна.
Се јавува братот од провинција кај братот во Скопје.
- Батеее, ај најди му работа на овој дибеков дома, по цел ден само врапци брка.
- Важи бе брат, ќе го ставам во дуќан нека продава фармерки, 500 евра месечно ќе зема.
- Не бе бате, немој толку пари да заработува, голем град е, ќе се расипе.
- Добро де еве нека продава маички на пазар, 250 евра ќе зема.
- Не бе бате и тоа е многу, ќе го расипат парите.
- Е па тогаш ќе го пуштам на стадион семки да продава,150 евра сигурно ќе земе.
- Бате, ај најди некоја работичка за 100 тина евра?
- Е брат, за тоа му треба диплома!
Разговараат татко и син:
- Тато, ај бе купи ми тротинет!
- Синко, немам пари, нема тротинет.
- Ајде бе тато, сите деца имаат.
- Ама ти не си како сите деца.
- Тато беее …
- Марш бре у п…. матер, Нема тротинет.
Детето разочарано излегува во дворот и го гледа петелот како ги брка кокошките и им се качува. Зело тоа еден камен, го ѕвекнало петелот по глава, тој "капут", а детето коментира:
- Маме ти е…, ако јас не возам тротинет, и ти нема да возиш кокошки.