Се шета Африканец, мигрант, во Германија. Налетува на еден човек и започнува да му збори:
- Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, храна за да јадам и се останато.
Човекот зачудено му вика:
- Ама јас не сум Германец, јас сум Македонец.
Африканецот му вика:
- Се извинувам.
Продолжува да шета Африканецот и забележува друг човек и му приоѓа.
- Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, храна за да јадам и се останато.
Човекот го гледа и му вика:
- Јас не сум Германец, јас сум Турчин.
Африканецот повторно:
- Се извинувам.
Продолжува повторно и здогледува друг човек и започнува пак:
- Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, што ме примивте како бегалец, фала ви за сé.
Човекот му одговара:
- Супер, ама јас не сум Германец, јас сум Арап.
Африканецот збунето го прашува:
- А добро каде се сите Германци?
Арапот погледнува на саат и му враќа:
- Ова време, изгледа на работа.
Поради честите несреќи со Вселенски летала, Американците одбиле да летаат, па НАСА морала да распише меѓународен конкурс за астронаути.
Се пријавиле Германец, Русин и Македонец:
- Колку бараш за да леташ?
- Го прашале најпрвин Германецот.
- Два милиони евра. Еден за мене, а другиот за моето семејство, ако ми се случи нешто.
Колку бараш ти за да леташ?
- Го прашале следен Русинот.
- Три милиони евра. Еден за мене, еден за моето семејство ако ми се случи нешто и еден за Русија.
- На крај, го прашале и Македонецот:
- Четири милиони евра!
- Извикал Македонецот мртов ладен.
- Ама ајде, да не претеруваш малку?!
- Епа... еве вака стојат работите:
- Еден за мене,еден за тебе пошто ми ја најде работава и два за Германецот, он нека лета!
Потонува брод во Тихи океан и се спасуваат неколку групи на луѓе:
1. Двајца французи и една французинка – уживале во сексот сите тројца одеднаш до бесвест.
2. Двајца германци и една германка – германците имале строг распоред кој кога ќе биде со германката, а кој ќе лови.
3. Двајца грци и гркинка – грците ја погледнале гркинката, се уплашиле, и си заминале на другиот дел од островот за да се сексаат.
4. Двајца бугари и бугарка – бугарите спиеле, а бугарката ловела и работела.
5. Двајца англичани и англичанка – англичаните седеле на страна и се надевале дека некој ќе дојде да ги запознае со англичанката.
6. Двајца американци и американка – американците на долго и широко расправале дека островот е сигурно под америчко влијание, а американката им кажала дека нејзиното тело е само нејзино, дека нејзиниот бивши дечко многу ја почтувал и биле рамноправни, дека е нежна да лови, но дека ќе си ги поделат работите околу домаќинството.
7. Двајца ирци и иркиња – двајцата ирци веднаш го поделиле островот на јужен и северен дел, а потоа се договориле и решиле кој повеќе ќе издржи во пиење ќе ја добие иркињата…. и уште пијат.
8. Двајца јапонци и јапонка – пикнале порака во шише и со надеж дека ќе стигне до Токио, се уште чекаат одговор.
9 Двајца срби и србинка – србите фатиле диво прасе, го испекле, и почнале да расправаат за политика. Србинката за тоа време плачела затоа што ја виделе со разлеана шминка.
10. Двајца македонци и македонка – иако македонката им кажала дека е спремна да ја делат во еден глас изговориле – „Јас нема да допрам, ама нема ни ти“.
Влегуваат во кафич, црнец, Баци и Чае, мали Џокица, Гоки, Трпе и Трпана, Фата, полицаец, чесна сестра, Чак Норис, студент, плавуша, црногорец, Албанец, Американец, Мујо и Хасо, Германец, блодинка, Чае, Брус Вилис и Џулија Робертс, и поп а келнерот прашува:
Што е ова ова е некој виц !!!
Трпе работел во Германија со Германец, Французи и Англичанец на згради повисоки од 30 ката, секој ден пешки се качувале горе, и поради висината горе и ручале, а навечер се спуштале доле и оделе во заеднички хостел на спиење. Условите биле такви да секој ден јаделе исклучиво сендвичи.
Еден ден Германецот се пожалил дека женаму 20 години му прави ист сендвич, и дека ако и утредента има ист сендвич, ќе се фрли и остави писмо зошто го направил тоа.
Тогаш сите се согласиле дека 20 години јадат исти сендвичи и дека ако и удредента имаат ист сендвич сите ќе остават писмо и ќе се фрлат од зградата.
Устредента сите имале исти сендвичи и како кажале така и направиле, сите оставиле писмо и се фрлиле.
Ги закопале заедно бидејки 20 години биле неразделни.
На погребот сите нивни жени коментирале дека не требало така да направат, и дека ако знаеле секој ден ќе им правеле различни сендвичи, и дека не требало така да постапат, на тоа Трпана им вели:
Да Вие сте во право но јас што да кажам, Трпе секогаш сам си ги правеше сендвичите!!!
Бегале партизаните од германците и се скриле кај една баба дома. Дошле германците кај бабата на врата, влегуваат и ја прашуваат:
- Бабоо, кај се партизаните?
- Не знам бе јас, кај ме најдовте мене.
- Бабоо, кажувај кај се партизаните, ќе ти ги исечеме нозете.
- Абе кај ме најдовте мене, јас стара, не гледам убаво, не слушам убаво, не знам кај се партизаните.
И ги исекле нозете на бабата и си отишле. После некое време излегле партизаните, ја гледаат бабата и запрепастени ја прашуваат:
- Бабо бе,што ти се случи?!
- Абе деца мои, лажев за вас, да не ве најдат германците, да не ве убијат.
- Ееееее бабо, бабо, гледааш на лагата и се кратки нозете!