Маж пие утринско кафе чита весник и открива дека тој е среќен добитник на лотарија.
Рекордна добивка од 1 милион евра.
Среќен оди на работа, директно во канцеларија на шефот, да си даде оставка.
Пред да почне да збори неговиот шеф му кажува дека ќе мора да го прогласи за технолошки вишок, му се извинува и му понудува голема отпремнина.
Среќен, одлучува да си купи нова кола. Влегува во најблискиот автосалон и во тој момент слуша ракоплескање, огномет, шампањ!
Продавачот се приближува и вели:
Вие сте нашиот 1,000,000 посетител и добивате наградата бесплатно најновиот модел Волво!
Шокиран и среќен вози со колата дома, си става чаша виски, и од прозорецот гледа како со колата доаѓа неговата жена.
Таман да премине улица камион удира во колата а потоа се пали и експлодира.
Сопругот ја крева чашата виски и мрмори:
Ти eбem живот, значи кога ќе ти тргне... Тргнато е, кога ќе оди, стварно ти оди!
Една жена продавала јајца на пазар. Ги продавала по цена од 10 ден. по јајце, а сите останати жени по 5 ден.
- Аман мори женска главо, како мислиш да ги продадеш по 10 ден. кога сите ние ги продаваме по 5 ден. Ништо нема да продадеш!
- Ако, ќе почекам, никаде не брзам! - одговорила.
Негде приквечерта, пред затворање на пазарот и приоѓа еден отмен господин и и вели дека под итно му требаат 100 јајца цената воопшто не е битна.
- Жената му кажала дека има, а тој ја замолил да му ги донесе јајцата дома.
- Ќе ги донесам, никаде не брзам! - одговорила.
Ги однела јајцата кај господинот, а тој ја прашал дали сака да влезе.
- Ќе влезам, никаде не брзам!
Господинот и понудил да вечераат:
- Може, не брзам никаде!
После вечерата и понудил пијалак.
- Може, никаде не брзам!
После сето тоа имале и cekc.
- Како беше? Прашал господинот.
- Беше одлично! Утре кога на сите жени на пазар ќе им кажам дека дека ги продадов сите јајца по цена од 10 ден, дека вечерав, пиев и имав cekc 3 пати, сите ќе ми завидуваат! - одговорила гордо.
- Ама госпоѓо, ние само еднаш имавме cekc! - рекол господинот.
- Ќе почекам, не брзам никаде!
Еден млад католички свештеник имал толку многу трема што за време на својата прва миса не можел да прозбори ниту еден збор па се обратил кај бискупот да му даде совет. Овој му кажал следен пат да испие една чаша вода со неколку капки вотка и одма ќе се почуствува послободно. После тоа, свештеникот се чуствувал толку добро што веќе ништо не можело да го вознемири. Меѓутоа, по враќањето од мисата наишол на следново од бискупот:
" Почитуван свештенику, следен пат да ставите неколку капки вотка во една чаша вода а не обратно. Освен тоа, еве уште неколку совети за некои испади да не се повторат:
1. Не е потребно да ставате парчиња лимун на ивицата од пехарот.
2. Не се потпирајте повеќе на статуата на блажената девица Марија, не ја гушкајте и не ја љубете.
3. Постојат 10 заповеди а не 12, 12 апостоли а не 7. И ниеден од нив не бил џуџе.
4. Исус и неговите ученици не ги викајте "И. Х. и компанија".
5. Давид го победил Голијат со прачка и камен, не го измлатил и му го растурил мозокот.
6. Јуда не го викаме курвин син.
7. Папата не морате да го викате El Padrino.
8. Бин Ладен нема никаква врска со смрта на Исус.
9. Нафората не е закуска за со вино него за верници.
10. Грешниците одат во пеколот а не у пичку матер.
11. Тој во аголот, кој го нарековте педер, контраш и транвестит во сукња, бев јас.