Еден цар го поделил царството на две половини. Една за него и една за неговите синови. Еден ден ги повикал своите синови и им дал топ хартија:
- Решив да се повлечам во заслужен одмор, затоа кој ќе го скине топот хартија ќе ја дабие мојата половина од царството!
Пробале синовите, ама никој не успеал. Тогаш царот им рекол:
- Сами не успеавте, ај сега обидете се заедно лист по лист да го искинете.
Почнале синовите и за некое време го искинале заедно целиот топ, царот пак им се обратил:
- Запомнете, ги овие три лекции: тоа што не може да се направи одеднаш, може да се направи постепено. Кои не можете сами, може со помош на пријателите. И тоа што не е може со сила, може со памет. Дали разбравте?
- Да татко разбравме. - одговориле сите во еден глас.
- Ништо не сте разбрале! Само што ги искинавте сите тапии од вашата половина на царството и сега пак е моја!

Брачен пар се вози по автопат, полека со 100 km/h. Жената седи зад воланот, а мажот мирно ја разгледува околината и изненадно се врти кон жената па и вели:
- Оженет сум преку 20 години, но сакам да се разведеме.
Жената ништо не вели и продолжува да си вози мирно, но накачува на 110km/h. Мажот повторно:
- Не сакам да се обидуваш да ме одвратиш од замислата! Во врска сум со твојата најдобра другарка!
Жената пак останала мирна, но брзината пораснала на 120km/h.
- Сакам да ја задржам колата.
Брзината пораснала на 130km/h. Тој продолжил:
- Ги сакам и сите картици и нашиот брод и куќата! Јасно ли ти е?!
Автомобилот полека почнал да се движи кон бетонски мост. Тоа го направило мажот нервозен, па ја прашува жена си:
- Ти, ништо не сакаш за себе?
Брзинометарот покажувал 150km/h.
- Не, јас имам се што ми треба.
- О, да? – иронично забележал мажот.
- А, што тоа имаш?
Пред да се накачи стрелката на 160km/h, таа полека се свртела кон него и му рекла: воздушно перниче!