Во еден град, брачен пар прославувал 25 годишница од бракот. Тие како пар биле познати по тоа што никогаш не се скарале. Медиумите пристигнувале од сите страни да проверат во што е тајната на "Успешниот брак". Уредникот на еден весник прашал:
- Господине, ќе ве молам кажете ни во што е тајната? Тоа е навистина неверојатно, како успевате?
Човекот почнал да се присетува на деновите поминати на меден месец и ја започнал приказната:
- После венчавката бевме во еден егзотичен град, таму имаше многу забавни содржини. По кратко договарање се одлучивме за јавање на расни коњи. Двајцата најмивме по еден коњ и почнавме да јаваме. Мојот коњ беше мирен и послушен, ама оној на кој јаваше мојата жена беше потполно луд. Наеднаш нејзиниот коњ се вознемири и ја фрли жена ми од седлото долу на земјата! Таа, сосема мирно стана, го потапка коњот и тивко прозборе:
- Ова ти е прв пат!
Го јавна повторно коњот. По кратко време коњот повторно се вознемири и жена ми пак се најде долу на земјата. Повторно стана и со смирен глас му се обрати на коњот:
- Ова ти е втор пат!
Јас бев целосно нем и не можев да се изначудам на смиреноста на мојата жена. Кога коњот и по трет пат ја исфрли од седлото, таа полека го извади магнумот кој и беше закачен за појасот и ладнокрвно го уби коњот. Јас целиот запрепастен и се развикав на жена ми:
- Жено божја, па дали си ти нормална!!? Како можеше да го убиеш кутрото животно?
- Ова ти е прв пат!!! - смирено ми рече Таа.
- Тоа би било тоа, по оваа случка секогаш сме СРЕЌНИ и СЛОЖНИ, заврши мажот со својата приказна.
Полицаец ги пушта жената и децата на одмори по една недела оди да им се придружи. Доаѓа во хотелот и одма се нафрла на својата жена.
- Но драги, нема смисла децата се до нас ќе не слушнат, вели жената.
- Да, во право си.
После пола саат одат на плажа на самрак, сами и започнуваат страсно да водат љубов. Дури се во занес поминува полицаец и со висок тон им вели:
- Па добро, како не се засрамите, веднаш да се облечите, вакви работи не се прават на јавно место.
- Ух извинете, вели мажот. Но се немаме видено веќе една недела, па неможевме да ги тргнеме рацете еден од друг. Знаете и јас сум полицаец, не би било добро да ми пишете казна за овој мал прекршок.
- Добро колега, вас ќе ви простам овој пат. Но на оваа ороспија не, ќе плати казна, ова и е веќе трет пат оваа недела да ја фатам на cekc на плажа!!!
Трпе работел во Германија со Германец, Французи и Англичанец на згради повисоки од 30 ката, секој ден пешки се качувале горе, и поради висината горе и ручале, а навечер се спуштале доле и оделе во заеднички хостел на спиење. Условите биле такви да секој ден јаделе исклучиво сендвичи.
Еден ден Германецот се пожалил дека женаму 20 години му прави ист сендвич, и дека ако и утредента има ист сендвич, ќе се фрли и остави писмо зошто го направил тоа.
Тогаш сите се согласиле дека 20 години јадат исти сендвичи и дека ако и удредента имаат ист сендвич сите ќе остават писмо и ќе се фрлат од зградата.
Устредента сите имале исти сендвичи и како кажале така и направиле, сите оставиле писмо и се фрлиле.
Ги закопале заедно бидејки 20 години биле неразделни.
На погребот сите нивни жени коментирале дека не требало така да направат, и дека ако знаеле секој ден ќе им правеле различни сендвичи, и дека не требало така да постапат, на тоа Трпана им вели:
Да Вие сте во право но јас што да кажам, Трпе секогаш сам си ги правеше сендвичите!!!
Три брачни пара слават годишница на брак во еден хотел..
После вечерата секој пар оди во својата соба. Утрото, мажите се состануваат на доручек и тоа едниот со модрица на окото, другиот со скршена рака а третиот со скршени нозе.
Го прашуваат првиот што му се случило и тој им вели…
Не прашувајте! Влеговме ние во соба, почнавме да се сексаме, завршуваме и јас од навика вадам 100 евра и и давам на жена ми. Она толку се налути замавна со пепељара и право во око..
Вториот:
Ма слична работа, влеговме во соба, се сексаме, завршуваме, и јас вадам 100 евра, кога, она ми враке 50 евра. Јас замавнав со рака да ја удрам таа се наведна и јас во зидот со рака…
Третиот:
Јас најлошо поминав. Исто влеговме во соба се сексаме и кога одеднаш на сред cekc некој тропа на врата... Мојата жена се исплаши и одеднаш извика МАЖ МИИИИИ а ја будала право низ прозор!!!