Плавуша се вози со такси до дома и пред да стигне таа го прашала возачот колку треба да плати, тој и рекол 70 денари, но тогаш таа видела дека го загубила паричникот и му рекла на возачот:
- Господине ама јас сега нема со што да платам.
Тогаш возачот се налутил и ја одвел на друго место, таа му викала:
- Аман господине ќе го решиме проблемот на друг начин, каде ме носите?
Тогаш тој застанал на некоја ливада, ја извадил плавуша од кола и постелил чаршав на ливадата, плавушата почнала да вика:
- Аман господине ве молам јас сум мажена, имам две деца.
Тогаш возачот и рекол:
- Види вака, јас не ти мислам никакви валкани работи, дојди да скубиш овде трева, знаеш ти колку зајаци ја имам дома?!
За време на студената војна, стравот од комунизмот и Советското влијание беше распространет во повеќето западни земји. Следниов разговор се води во канцеларијата на американскот претседател.
- Господине Претседателе, Русите штотуку се спуштија на Месечината и почнаа да ја бојат во црвено. Работат брзо и една четвртина е веќе обоена во црвено.
- Ок па што е проблемот?
- Но г-дине Претседателе ако ја обојат во црвено, комунистичкиот симбол има да виси над глава врз целата светска популација.
- Не се грижи за тоа, остави ги нека си работат.
После два дена советникот влетува повторно во канцеларијата на Претседателот.
- Г-дине Претседателе, скоро се готови со половината.
- Не се грижи и остави ги да работат.
Подоцна истата недела советникот тажно објавува на Претседателот.
- Г-дине Претседателе ако погледнете нагоре ќе видите дека Месечината е цела црвена. Русите завршија.
-Ок, сега кога веќе завршија испратете шатл и нека нaпишат Кока Кола низ целото.