Фармер одгледувач кокошки влегува во локален бар ... седнува до една жена и нарачува чаша шампањско...
Женава се исправа и вели:
Како да се разбере ова?
Тукушто нарачав и јас чаша шампањ!
Која коинциденција! Рече фармерот.
Ова е посебен ден за мене и јас го прославувам.
Ова е посебен ден и за мене. И јас исто така прославувам, одговара жената!
Која коинциденција! Рече фармерот.
По наздравување, Фармерот прашува:
А што Вие прославувате?
Мојот сопруг и јас се обидуваме да добиеме дете подолго време, а денес гинекологот ми рече дека сум бремена!
Која коинциденција! Рече фармерот.
Јас сум одгледувач на живина и со години кокошките ми се неплодни, но денес сите носат јајца!
Тоа е голем успех!, Рече жената, а како Вашите кокошки станале плодни?
Го сменив петелот. одговара Фармерот!
Жената се насмевнува и одговора: Која коинциденција.

Решил сељакот да ја пари маторицата, но бидејќи сопственикот на машка свиња живеел на крај на село за да не се умори премногу ја ставил во количка и ја однел на парење. По парењето платил 20 евра а газдата му рекол да ја надгледува свињата утрото и да види што прави. Ако пасе трева е во ред, но ако пие вода, мора да ја донесе повторно на парење.
Следното утро ја гледа свињата лока ли лока вода. Ја вади количката, ја носи на парење плаќа 20 евра и да ја враќа дома.
Следното утро маторицата пак лока вода, сељакот пцуе вика се дере пак ја става во количка ја носи на парење повторно плаќа 20 евра ја враќа дома.
Во раните утрински часови, на работ на живците и вели на својата жена:
- Жено, дај молим те оди види што маторицата прави, ако пие вода, ќе ја заколам!
Жената погледнува низ прозор, и ву вели:
- Не пие!
Мажот весело извика човекот.
- Пасе трева?
Жената:
- Не пасе.
Мажот:
- Па што прави?
- Седи во количка и чека ... )