Еден професор по математика и испратил факс на својата жена:
- Драга жено, сигурно ти е јасно дека веќе имаш 54 години, а јас имам одредени потреби кои ти едноставно веќе не можеш квалитетно да ги задоволиш.
- Од секоја друга гледна точка, нашиот брак е складен.
- Задоволен сум со тебе како жена и искрено се надевам дека овој факс нема премногу да те повреди или налути.
- После работа ќе одам во мотел со мојата 18 годишна асистентка, ама ќе се вратам дома пред полноќ.
Твојот сопруг.
Кога пристигнал во мотелот, на рецепција веќе го чекал повратен факс од жена му.
- Драг мажу, и ти имаш 54 години, а во моментот кога ќе ги читаш овие реченици јас ќе бидам во друг мотел со 18 годишниот келнер од блиското кафуле, а бидејќи си генијален математичар, сигурно нема да ти биде тешко да сфатиш дека 18 во 54 влегува многу повеќе пати отколку 54 во 18.
- Немој да ме чекаш.
Твојата жена.
Една жена, на пазар, продава јајца. Останатите ги продаваат по 5 денари, а таа бара 10. Ја советуваат:
- Жено, спушти ја цената, нема ништо да продадеш!
Таа мирно им одговара:
- Ќе почекам јас, никаде не брзам.
Вечерта и приоѓа господин и и вели:
- Ми требаат 100 јајца, не прашувам за цена, ама сакам да ми ги донесеш дома.
Таа мирно одговара:
- Ќе ги донесам, никаде не брзам.
Кога ги испорачувала јајцата, господинот ја прашал дали ќе има време малку да почека, за да вечераат заедно?
- Имам јас време, никаде не брзам.
По вечерата господинот и предложил кафе, па пијачка, а таа спремна:
- Ќе почекам, нигде не брзам.
Така завршуваат во кревет. После сексот, жената се смее:
- Леле сега кога ќе им кажам на оние на пазар дека сум продала јајца по повисока цена од нив, сум се најала и напила, па уште и три пати cekc сум имала.
Господинот се насмеал:
- Ама госпоѓо не беа три пати, беше само еднаш.
- Нема проблем ќе почекам јас, никаде не брзам!!!

Ладна зима, снег, шлепер вози на автопат, стопира добра риба!
Шоферот застанува, рибата вели:
- Пари немам ако сакаш вози ме, ако не среќен пат.
Шоферот:
- Ма нема проблем, може влегувај.
После 30 километри шоферот застанува и вели:
- Слушај не е важно што немаш пари, ама дај некако да компензираме, или симни се нема возење.
Гледа рибата нема заебанција и прашува:
- Па како мислиш да компензираме?
Шоферот:
- Cekc!!!
Рибата мисли па што се мора не е тешко...
Прошол сексот патот продолжува.
По 50 километри шоферот пак застанува и вели:
- Излегувај надвор и почни да правиш снешко белчо!
Рибата:
- Ама јас?
Шоферот:
- Или снешко или нема возење!
Рибата направила снешко, возењето продолжува, ама радознала го прашува шоферот:
- Ајде молим те, дај да разберам, сексот ОК го разбирам ама зошто правев снешко?
Шоферот:
- Види вака, со сексот не верувам дека ќе ме запамтиш, ама со снешкото богами ќе ме памтиш цел живот!!!