Што е стрес?
- Возиш кола, качуваш згодна автостопрека, лаф муабет и наеднаш типката паѓа во несвест, ја носиш во болница...е тоа е СТРЕС...
Влегуваш во болницата, девојката ја прегледуваат и ти кажуваат дека е трудна, Ви честитаат, ти во небрано, а она тврди дека ти си таткото...СТРЕС...
Ти целиот збунет, викаш дека ја знаеш само саат време и бараш да се направи ДНК за татковство, го правиш, те вика докторот настрана и ти вика:
- Немај гајле не си ти таткото, ти не си плоден... и тоа е СТРЕС, ама со олеснување...
Е сега, после тоа возиш накај дома, и ти текнува дека дома имаш три деца...Е ТОА Е ЧОВЕЧЕ СТВАРНО СТРЕС!!