Мажи вежбаат во бодибилдинг клуб и ѕвони еден мобилен телефон.
Еден од мажите се јавува и вели:
- Ало.
- Драги ти ли си?
- Да, кажи.
- Вежбаш ли?
- Да.
- Јас сум во една продавница за кожни палта.
- Гледам едно прекрасно палто на попуст.
- Колку чини?
- 25.000 денари.
- Добро, купи го ама избери си и една чанта која ќе одговара со него.
Жената видела дека денес е нејзиниот ден и рекла:
- Драги, нели ти спомнав дека мама сака да дојде да живее со нас.
- Што велиш да ја поканиме еден месец пробно да живее и потоа ќе зборуваме.
- Добро, добро, но немој да бараш ништо повеќе.
- Нема, те сакам. Чао.
Мажот го затвара телефонот и прашува:
- Некој да не знае чиј е овој телефон???

Прво равенство
Маж = јаде + спие + работи + ужива
Магаре = јаде + спие
Значи,
Маж = магаре + работи + ужива
Значи,
Маж - ужива = магаре + работа
На кратко,
Маж што не ужива = магаре што работи
Второ равенство
Маж = јаде + спие + заработува пари
Магаре = јаде + спие
Значи,
Маж = магаре + заработува пари
Значи,
Маж - заработува пари = магаре
На кратко,
Маж што не заработува = магаре
Трето равенство
Жена = јаде + спие + троши
Магаре = јаде + спие
Значи,
Жена = магаре + троши
Значи,
Жена - троши = магаре
На кратко,
Жена што не троши = магаре
Од равенствата 2 и 3 може да се заклучи дека:
Маж кој не заработува = На жена која не троши
Значи мажите мораат да заработуваат пари за жените да не станат магариња! (закон 1)
И жените мораат да трошат за мажите да не станат магариња! (закон 2)
Што добиваме?
Маж + Жена = магаре + заработува пари + магаре + троши
Заклучок од равенствата 1 и 2:
Потребни се две магариња за среќно живеете.
Си иде едно дечко по улица и една баба му приоѓа и му вика:
- Дечко, ќе сакаш ли да ме опнеш?
Дечкото:
- Не бре бабо, види каква си стара, бегај таму!
- Ај бе ќе ти дадам 250 евра?
На дечково му светнале очите за 250 евра и прифатил.
Се онаделе, ама ептен тешко му идело, верглал во бабата, ама си заработил 250.
Утредента се гледа доле и што ќе види, алатката шугава.
Иде на доктор и му вика докторе види ова, вака и вака, можеш ли да ме оправиш?
Докторов вика:
- Можам, ама ќе те кошта 250 евра.
Нема што да прави, па ги опрчил парите на доктор, само да е добро.
По некој ден, пак налетува на бабата, и оваа пак.
- Ај пак дечко.
Не бе бегај оној пат лом се напраив ги дадов сите пари на доктор.
- Ајде бе, овој пат ќе ти дадам 500евра бидејќи ми се допаѓаш.
И на дечково му се видело добра шанса, 250 за на доктор и 250 за него.
И отишле кај бабата, правеле што правеле, завршиле работа, дечкото 500 евра во џеб и пред да си иде ја прашува бабата.
- Бабо, абе минатиот пат некако тешко идеше, верглав, а сега лесно, како подмачкано, што е ова, зашто така?
И бабава му вели:
- Абе дете, знаеш ние старите какви сме, после шуга иде гној!!!

1. За одмор од 5 дена доволен ти е само еден куфер.
2. Немаш потреба постојано да го надгледуваш сексуалниот живот на твоите другари.
3. Сам си ги отвораш теглите...
4. На твоите другари воопшто не им е битно дали се здебелил или ослабел.
5. Твојот зaдниk не е некој важен фактор при добивање работа.
6. Сите твои оргазми се вистински.
7. Не мора со себе да влечкаш ташна полна со непотребни работи.
8. Презимето секогаш ти останува исто.
9. Не мораш да го чистиш WC-то.
10. Можеш да се истушираш и да бидеш спремен за 10 минути.
11. Сексот не претставува проблем за твојата репутација - напротив, тој ја подобрува.
12. Можеш да си најдеш долен веш - 3 парчиња за 100 денари.
13. Не треба да се бричиш подолу од брадата.
14. Можеш со мочка да си го напишеш името во снегот.
15. Со цвеќе можеш да поправиш СЕ.
16. Можеш да бидеш претседател.
17. Три пара чевли ти се повеќе од доволни.
18. Си немаш работа со топол восок.
19. Механичарите не те лажат.
20. Постојано можеш да бидеш исто расположен.
21. Можеш да му се восхитуваш на Клинт Иствуд, без да гладуваш до смрт за да изгледаш како него.
22. Знаеш барем 20 начини за отворање пиво.
23. Можеш да седиш со раширени нозе, без разлика како си облечен.
24. Иста работа - поголема плата.
25. Венчален фустан - 1000 евра. Изнајмување костум - 50 евра.
26. Далечинскиот управувач е само твој.
27. Со 400 милиони сперматозоиди при едно свршување, можеш со 15 обиди да го удвоиш бројот на населението на Земјата, барем теоретски.
28. Можеш да си купиш кондоми, без продавачот да те замислува гол.
29. Ако на некоја забава има тип облечен исто како тебе, веројатно ќе се спријателите.
30. Смртта на принцезата Дајана за тебе е само уште еден обичен закоп.