На поштарот му е последен ден на работа после 35 години верно служење во својот реон. На последната обиколка, од првата куќа го пречекува целото семејство, му честитаат и му даваат подарок во плик.
Во втората куќа повторно истото, но добива штека цигари.
Доаѓа тој кај третата куќа и вратата ја отвара прекрасна млада жена облечена само во долна облека. Таа го фаќа за рака, го носи во кревет, водат љубов, го носи во кујна, му дава доручек, шолја кафе и банкнота од 100 денари под шолјата.
Поштарот се уште возбуден од прекрасниот подарок, прашува:
– Се беше одлично, мора да признаам, но, не ми е јасно, зошто ми давате 100 денари.
– Па, вчера вечер со маж ми почнав муабет за тоа што да ти дадеме поклон за пензионирање. Неговата реакција беше “Јеби га, дај му 100 денари”. Доручекот беше моја идеја.

По забавата организирана од фирмата во која работи, Кире се прибира дома среде ноќ.
Во едната рака држи пиво, а со другата ја гушка секретарката Цеца со големите гради.
– Што е ова бе идиot! – веднаш започнува да вика жена Митра на вратата.
– Ќе правиме тројка ма! Одвај ја убедив Цецето! Ти, ако не сакаш – може и да не учествуваш!
После еден месец. Петок вечер. Кире се прибира од работа капнат од умор и што да види – во дневната соба, на неговата фотелја се оптегнал еден огромен Арап, гол како од мајка роден. Во едната рака држи чаша и пие од 12-годишното виски, што Кире си го чува само за посебни потреби, а во другата – впечатливо машко достоинство.
– Митро!!! Што е ова мори?!
– Е па Кире, ќе правиме тројка. Одвај го наговорив човекот. Ама, јас пак нема да учествувам!