Ало, контрола Скопје, да ли ме слушате, овде лет 347 од Виена, ало контрола...
... Овде контрола Скопје, ве слушаме?
- Ало, имаме голем проблем, ни се расипаа и двата мотори, на висина сме од 7000 метри, дајте инструкции.
- Лет 347, повторувајте по мене:
- Оче наш, ти кој што си на небесата...
Човек влегува во салон на Застава:
- Добар ден, може ли да го видам најновото Југо?
- Да повелете, еве го,
- Еј супер Е, а дали има клима ?
- Клима ...... ? Како не, има клима, а има и греачи на седишта, како и автоматски подесувач на отпорот на ветерот ... а има и едно мало копче, ако го стиснете кога ќе ја постигнете брзината од 150 км/час, автоматски се отвараат крила и полетувате, па потоа се појавуваат две манекенки и ве галат додека летате !!!
- Извини господине ама ти мене ме забаваш или ?
- Па ти прв почна !
Господи, имам проблем!
- Што е Ева?
- Многу сум ти благодарна за сите добра кои ми ги направи, но сепак не сум среќна.
- Зошто?
- Осамена сум.
- Добро, тогаш ќе ти создадам маж.
- Маж? Што е тоа?
- Суштество направено од контроверзии, тој ќе лаже, ќе мами, ќе биде самобендисан и горд. Но, ќе биде и многу силен, брз и ќе лови и за тебе. Ќе ги задоволува твоите физички потреби, но ќе се однесува многу детски, наивно и глупаво, така што секогаш ќе има потреба од твоите совети.
- Звучи добро - рекла Ева.
- Да, но ќе го создадам под еден услов.
- Да?
- Како што кажав тој ќе биде многу горд и самобендисан, затоа ќе го оставиме да си мисли дека тој е создаден прв. Тоа ќе биде нашата мала тајна...
- Ти го кажувам ова како жена на жена...