Трпе оди кај поп Стефан да бара помош:
- Попе ќе ја оставам Трпана, ме вара!
- Остави ја, му вика попот.
- Ама како да ја оставам кога толку години сме заедно?
- Па не ја оставај тогаш, му враќа попот!
- Како да не ја оставам кога жива ја фатив како ме вара.
- Па, остави ја!
- Ама како да ја оставам, заедно куќа сме граделе.
- Па, не ја оставај.
- Море ќе ја оставам, со кумот Цветко ме вара.
- Па остави ја.
- Како бе да ја оставам, пари заедно печалевме.
- Па, не ја оставај.
- Ќе ја оставам, и со други ме вара.
- Па остави ја.
- Ама како да ја оставам кога деца заедно изродивме.
- Имам лек за овој проблем. Да ја смениш верата, вели попот.
- И што со тоа бе попе?!?
- Па така нема да ми досаѓаш мене туку на оџата Насер.
Цветко имал баба комшика со голем двор. Едно сабајле станува, и, што да види кај неа – Федерер и Надал, играат тенис во дворот. Овој се крсти!
- Мори комшивке, шо е ова бе?- ја прашува.
- Абе шо е – фатив златна рипка, ете то е!- рекла таа.
- Шо збориш мори! Дај ми ја тоа рипката, па ќе ти ја вратам!
- Арно бе, ама малку наглува е!
- Ако, ако дај ми ја малце!
Го зел аквариумот со златното рипче и отишол дома. После пола саат, ете ти го.
- Да ти ебам рипчето, да ти ебам! Јас и велам „париња“-та ми дава јариња; јас и велам „убај чупчиња“-та ми дава улај ѓупчиња!!
- Ти реков оти е наглува? Ти шо си мислеше дека јас навистина и побарав „ВРВЕН ТЕНИС“!?