Маж пие утринско кафе чита весник и открива дека тој е среќен добитник на лотарија.
Рекордна добивка од 1 милион евра.
Среќен оди на работа, директно во канцеларија на шефот, да си даде оставка.
Пред да почне да збори неговиот шеф му кажува дека ќе мора да го прогласи за технолошки вишок, му се извинува и му понудува голема отпремнина.
Среќен, одлучува да си купи нова кола. Влегува во најблискиот автосалон и во тој момент слуша ракоплескање, огномет, шампањ!
Продавачот се приближува и вели:
Вие сте нашиот 1,000,000 посетител и добивате наградата бесплатно најновиот модел Волво!
Шокиран и среќен вози со колата дома, си става чаша виски, и од прозорецот гледа како со колата доаѓа неговата жена.
Таман да премине улица камион удира во колата а потоа се пали и експлодира.
Сопругот ја крева чашата виски и мрмори:
Ти eбem живот, значи кога ќе ти тргне... Тргнато е, кога ќе оди, стварно ти оди!
Мажи вежбаат во бодибилдинг клуб и ѕвони еден мобилен телефон.
Еден од мажите се јавува и вели:
- Ало.
- Драги ти ли си?
- Да, кажи.
- Вежбаш ли?
- Да.
- Јас сум во една продавница за кожни палта.
- Гледам едно прекрасно палто на попуст.
- Колку чини?
- 25.000 денари.
- Добро, купи го ама избери си и една чанта која ќе одговара со него.
Жената видела дека денес е нејзиниот ден и рекла:
- Драги, нели ти спомнав дека мама сака да дојде да живее со нас.
- Што велиш да ја поканиме еден месец пробно да живее и потоа ќе зборуваме.
- Добро, добро, но немој да бараш ништо повеќе.
- Нема, те сакам. Чао.
Мажот го затвара телефонот и прашува:
- Некој да не знае чиј е овој телефон???
Прво равенство
Маж = јаде + спие + работи + ужива
Магаре = јаде + спие
Значи,
Маж = магаре + работи + ужива
Значи,
Маж - ужива = магаре + работа
На кратко,
Маж што не ужива = магаре што работи
Второ равенство
Маж = јаде + спие + заработува пари
Магаре = јаде + спие
Значи,
Маж = магаре + заработува пари
Значи,
Маж - заработува пари = магаре
На кратко,
Маж што не заработува = магаре
Трето равенство
Жена = јаде + спие + троши
Магаре = јаде + спие
Значи,
Жена = магаре + троши
Значи,
Жена - троши = магаре
На кратко,
Жена што не троши = магаре
Од равенствата 2 и 3 може да се заклучи дека:
Маж кој не заработува = На жена која не троши
Значи мажите мораат да заработуваат пари за жените да не станат магариња! (закон 1)
И жените мораат да трошат за мажите да не станат магариња! (закон 2)
Што добиваме?
Маж + Жена = магаре + заработува пари + магаре + троши
Заклучок од равенствата 1 и 2:
Потребни се две магариња за среќно живеете.