Граница. Кон царината се приближува возило. Доаѓа цариникот:
– Здраво, возите „Ауди кватро“, внатре сте петмина, еден да излезе, четворицата да продолжат…
Патниците збунето:
– Автомобилот е за пет луѓе, ние си се возим нормално, проверете не и да одиме…
Цариникот:
– Ви реков веќе, колата е „КВААААТРО“, значи ЧЕТВОООРИЦА остануваат, петтиот слегува.
– Повикајте го тогаш началникот!
– Не можам, началникот е зафатен со еден многу посложен случај – Четворица се возат во „Фиат Уно“…

Вика шеф на своега најдоброга радника:
Ќе иду ја на одмор сс шваљерку, немој тамо да си ми вртеја за глупости, зашто кд ќе дојду немој да ме чекаш у фирму.
Овј радник вика добро шефе, нема проблем.
После 3 дна му врти и вика: Абе шефе да те прашам нешто... Куде ти стоеше лопата?
Шеф: Абе глупак, кажа ти да не ми вртиш за глупости леееле немој да ме чекаш дома кд ќе дојду.
Радник: Добро шефе, извини, ајде чао. И пред да склопи шеф му вика: Чекај бе, што ќе ти лопата?
Радник: Абе шефе... за куче...
Шеф: Што бе за куче?
Радник: Па умре ви куче шефе.
Шеф: Иииии, како бе, од што умре?
Радник: Удави се...
Шеф: Како се удавило бе лееле, базен да не си ми направија у двор?
Радник: Не бе шефе у подрум се удави.
Шеф: Како бе у подрум, од куде вода у подрум?
Радник: Шефе па изгоре ви куќа.
Шеф: Како бе изгорела ми куќа? Од што?
Радник: Па од свеќе.
Шеф: Од какви бе свеќе живти све, од куде па сг свеќе?
Радник: Па шефе мајка ви умре.
Шеф: Како бе мајка ми умрела од што?
Радник: Па слушнала офкање, кд да види у собу горе, жена ти сс двоица црнци.
Шеф: Жена ми сс двоица црнци? Одма се качују у авион и доваѓам тамо.
Радник: Еј шефе немора бе, немај гајле, ќе зему лопату ја од комшију.
Доаѓа папата во Македонија и на аеродром го дочекува лимузина со шофер. Но Папата му шепнал на шоферот:
– Слушај пријателе, во Ватикан не ми даваат да возам, а јас баш би сакал да седнам позади воланот, па ако не е проблем, би сакал да ги замениме местата за да повозам малку.
Се префрлил папата на возачко седиште стиснал на гаста и 200 на саат шиба. Арно ама за кратко време ги сопира полиција.
Отвара Папата прозорецот и полицаецот се здрвил и веднаш истрчал до полициското возило до радио станицата:
– Прием шефе, застанав еден што возеше преку 200, но не знам што да правам!
– Е како не знаеш ОДЕРИ ГО!
– Ама не оди така шефе фаца е човекот!
– Да не е градоначалникот?
– Не повисоко е!
– Да не е министерот?
– Не не уште повисоко!
– Да не е премиерот?
– НЕ шефе не е!
– Па веројатно не е претседателот…
– Шефе јас мислам дека тоа е Господ лично!
– Дај бре не трескај глупости како може Господ?!
– Па добро бе шефе на кој друг Папата би му бил шофер?!