Во зоолошката градина горилата се разгонила, почнала да го крши кафезот, да ги плаши посетителите, да рика – страшна работа.
Менаџерот почнал да им ѕвони на колегите од другите градови, но најевтина понуда за мажјак горила била 15.000 €, а толкав буџет немале. Се собрале вработените и зборуваат за проблемот.
Сите се чуделе што да прават, додека Пешо не станал и рекол:
– Шефе, Што не викнеме Лазо Длгио, тој ќе ја среди.
– А ќе може ли да заврши работа?
– Што мислите, зошто го викаат така?
– А колку пари да му дадеме?
– 100€ му се доволни!
Го викнале Лазо Длгио и му го кажале проблемот и понудата. Лазо Длгио помислил малку, па рекол:
– Шефе, нема проблеми, ама имам два услови: Прво нема да ме терате да ја бакнувам!
– Нема Проблем, Лазо, а вториот?
– Вториот е, ако може, за парите да ме почекате малку оти ги немам на куп…
Како функционира државата? (виц со многу вистина во него).
Си седел еден цар на тронот и слушнал како некој вика: „Ајде на убави јаболка-а-а-а!“
Погледнал преку прозорецот и видел еден старец со запрежна кола продава јаболка, а околу него толпа купувачи.
Му се пријало на царот од овошјето, го викнал советникот и му рекол: „Еве ти пет златници, трчај да ми купиш јаболка за царот.“
Советникот го викнал министерот и му рекол: „Еве ти четири златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Министерот го викнал помошник министерот и му рекол: „Еве ти три златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Помошникот на министерот го викнал шефот на стражата и му рекол: „Еве ти два златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Шефот на стражата викнал еден стражар и му рекол: „Еве ти еден златник, трчај да купиш јаболка за царот.“
Стражарот излегол, го сретнал старецоти и му рекол: „Еј, што си се развикал бе? Ова пазар ли е или царски дворец? Марш оттука, а јаболката ќе ги конфискувам!“
Се вратил стражарот и рекол: „Еве, шефе, добар бизнис. За еден златник – половина кола јаболка.“
Шефот на стражата отишол кај помошникот на министерот: „Еве, значи, за два златнка една вреќа јаболка.“
Помошникот отишол кај министерот: „Еве министре, за три златници една торба јаболка.“
Министерот отишол кај советникот: „Еве, за четири златници половина торба јаболка.“
Советникот конечно се вратил кај царот: „Еве, ваше величество, како што заповедавте – Повелете пет јаболка.“
Седи царот во престолот и си мисли: „Пет јаболка – пет златници. Едно јаболко – еден златник. А народот ред чека за да купи.
НА ОВОЈ НАРОД ТРЕБА ДА МУ СЕ ЗГОЛЕМАТ ДАНОЦИТЕ!“