Отишол Трпе на доктор и почнал да му се жали за својот алат. Докторот го прегледал и видел дека алатот му е цел загноен и воспален, па почнал да му поставува прашања...
- Па добро Трпе од што може да ти е ваков?
- Ете ни јас самиот не знам.
- Како се храниш?
- Се јадам и не сум алергичен на ништо.
- А сексуалниот живот?
- Па ете, станувам насабајле и ја плескам жена ми, доручкувам пак ја плескам жена ми, одам на работа па таму ја плескам шефицата, па секретарката, одам на ручек па ја плескам келнерката, па сопственичката на ресторантот, па назад на работа пак ја плескам шефицата, па секретрката, доаѓам дома па ја плескам жена ми, вечерам и уште еднаш ја плескам жена ми и спијам...
- Па ете од што ти е...
- Еееее, а јас цело време мислам дека од многу дркање ми е.
Влегува тип во хотел во Кавадарци, и прашува:
- Добро вечер, имате ли слободни соби?
- Да, имаме.
- А сега, може ли нешто да се вечера?
- Секако.
- А да не нудите, и вечерни услуги?
- Да, нудиме, како не, туа е Благето, 50 евра.
- А да не нудите, и од другиот пол случајно?
- Да, и тоа го имаме, тука е Нацо 500 евра.
- Што, 500 евра! Е што е толку скапо?!
- Гледај сеа, мене ич не ми е по ќеиф ваа работа, затоа зиам 100 Евра, на началникот на полицијата не му е по ќеиф, и он зима 100 Евра, на градоначалникот не му е по ќеиф, и он 100 Евра.
- Значи Нацо зема 200 евра?
- Не, не. По 100 Евра зимат Трајко и Ѓоко, шо го држат Нацо, оти и него не му е по ќеиф.
Шефот: Имаш 50 цигли во авион, фрлаш една,колку ти остануваат?
Кандидатот: 49
Шефот: Како во три потези ќе ставиш слон во фрижидер?
Кандидатот: Отворам фрижидерот, го ставам слонот внатре, го затворам фрижидерот.
Шефот: Како во 4 потези ќе ставиш жирафа во фрижидер?
Кандидатот: Отворам фрижидерот,го вадам слонот, ја ставам жирафата, го затворам фрижидерот.
Шефот: Лавот слави роденден, дали сите животни се присутни на забавата?
Кандидатот: Не, жирафата е уште во фрижидерот.
Шефот: Како баба ќе помине река полна со крокодили?
Кандидатот: Лесно, само ќе преплива бидејќи крокодилите се на роденден кај лавот!
Шефот: На крајот, бабата умира,зошто?
Кандидатот: Се удавила?
Шефот: Грешно! Ја погодила циглата од авионот! СЛЕДНИОТ!!!
Маж пие утринско кафе чита весник и открива дека тој е среќен добитник на лотарија.
Рекордна добивка од 1 милион евра.
Среќен оди на работа, директно во канцеларија на шефот, да си даде оставка.
Пред да почне да збори неговиот шеф му кажува дека ќе мора да го прогласи за технолошки вишок, му се извинува и му понудува голема отпремнина.
Среќен, одлучува да си купи нова кола. Влегува во најблискиот автосалон и во тој момент слуша ракоплескање, огномет, шампањ!
Продавачот се приближува и вели:
Вие сте нашиот 1,000,000 посетител и добивате наградата бесплатно најновиот модел Волво!
Шокиран и среќен вози со колата дома, си става чаша виски, и од прозорецот гледа како со колата доаѓа неговата жена.
Таман да премине улица камион удира во колата а потоа се пали и експлодира.
Сопругот ја крева чашата виски и мрмори:
Ти eбem живот, значи кога ќе ти тргне... Тргнато е, кога ќе оди, стварно ти оди!
Члeн 1
Шефот е во право.
Член 2
Шефот секогаш е во право.
Член 3
Во случај подредениот да е во право,а што е сосема неверојатно се преименува члнот 1 или членот 2.
Член 4
Шефот не спие, особено не на работно место тој се одмара.
Член 5
Шефот не јаде, тој се храни.
Член 6
Шефот не пие, тој дегустира.
Член 7
Шефот не задоцнува, тој редовно бидува задржуван.
Член 8
Шефот на работно место не чита весници, тој се информира.
Член 9
Шефот никогаш не ја напушта работата, неговата присутност е потребна и на друго место.
Член 10
Кој влегува во шефовата канцеларија со сопствена идеја, мора обавезно да излезе со шефовата.
Член 11
Не е потребно да мислите. Шефот мисли за сите.
Член 12
Ако случајно мислите, тогаш мислите како шефот.
Член 13
За сите успеси е заслужен шефот.
Член 14
Не е готово кога е готово, туку е готово кога шефот ќе каже дека е готово.