Полицаец ги пушта жената и децата на одмори по една недела оди да им се придружи. Доаѓа во хотелот и одма се нафрла на својата жена.
- Но драги, нема смисла децата се до нас ќе не слушнат, вели жената.
- Да, во право си.
После пола саат одат на плажа на самрак, сами и започнуваат страсно да водат љубов. Дури се во занес поминува полицаец и со висок тон им вели:
- Па добро, како не се засрамите, веднаш да се облечите, вакви работи не се прават на јавно место.
- Ух извинете, вели мажот. Но се немаме видено веќе една недела, па неможевме да ги тргнеме рацете еден од друг. Знаете и јас сум полицаец, не би било добро да ми пишете казна за овој мал прекршок.
- Добро колега, вас ќе ви простам овој пат. Но на оваа ороспија не, ќе плати казна, ова и е веќе трет пат оваа недела да ја фатам на cekc на плажа!!!
Маж и жена се одлучиле да одат на одмор на езеро познато како рај за риболовците. Мажот бил мераклија за ловење риба посебно во раните зори, а жената сакала да седи во мир и да чита книги.
Едно утро, после неколку часа риболов, мажот се вратил во куќичката и решил да дремне, а жената тогаш се решила да се прошета со чамче по езерото иако сама баш и не се снаоѓала добро.
Го запалила моторот и го одвела чамецот на едно осамено место, го фрлила сидрото и продолжила во тишина да ужива во својата книга.
По некое време се појавил риболовниот инспектор со својот чамец и се доближил до чамецот на жената:
- Добро утро госпоѓо. Што правите?
- Читам книга – одговорила таа (и во себе си помислила „зарем не е очигледно?!“)
- Се наоѓате на делот од езерото кој е забранет за спортски риболов, ја информирал инспекторот.
- Жал ми е господине, но јас не ловам риби. Јас само седам и читам книга.
- Да, но во чамецот го имате целиот прибор кој е потребен за ловење и ако се прашувам јас, вие можете да почнете да ловите риба во секој момент. Ќе морам да ве однесам до станица и да поднесам пријава против вас, рекол инспекторот.
- Ако вие го направите тоа, тогаш знајте дека и јас ќе поднесам пријава против вас, но, за силување – му одговорила жената.
- Но, јас не ве ни допрев!? – рекол инспекторот.
- Да, но вие го имате целиот потребен прибор и ако се прашувам јас би можеле да почнете да ме силувате во секој момент..
- До видување госпоѓо и уживајте во овој убав ден!
Наравоучение:
Не се расправај со жена која чита. Многу е веројатно дека таа умее и да мисли.