Полицаец застанува еден човек и го прашува:
– Господине, вие пијан сте?
Овој му одговара:
– Не.
Полицаецот:
– Добро,ама одговорете на прашањево. Гледате две светла кои идат накај вас, што е тоа?
Возачот одговара:
– Па кола.
Полицаецот:
– Да,ама каква кола? Мерцедес, Опел, Цитроен…
Возачот збунето одговара:
– Па од каде да знам!?
Полицаецот:
– Ти си пијан. Ај сега одговори на ова прашање: Гледате едно светло кое иде накај вас, што е тоа?
Возачот:
– Мотор, секако.
Полицаецот:
– Мотор е, ама каков, Јамаха, Хонда, BMW?
Возачот налутено одговора:
– Па јас не можам тоа да го знам.
Полицаецот:
– Ти си сигурно пијан.
Возачот:
– Ај сега јас да те прашам едно прашање. Ако по патот видиш полугола жена со мрежести хулахопки, што е тоа?
Полицаецот:
– Лесно, стриптизерка.
Возачот насмеано:
– Да, ама од каде знаеш дали е ќерка ти, жена ти или мајка ти?
1. Падна „седумка“ во Загреб, а добитникот е ДИНАМО! Честитки од се срце на супер седумката!
2. Како фудбалерите на Динамо бројат до 10? Епа, вака, 1, 2, 3 Ајакс, 5, Реал Мадрид, Лион, 8,9,10…
3. Кој е омилениот пијалак на „Максимир“? (Seven Up).
4. Дали слушнавте дека Динамо го менува своето име од „ФК Динамо“ во “ФК Примамо“.
5. Жената го буди наутро Крунослав Јурчиќ (сега веќе екс-тренер на Динамо):
– Круно, станувај сега ќе биде осум…
– Ауууууу, па да не е повторно Гомис?
– Не бре, мораш да одиш во Завод за вработување.
6. Учителката и Трпе…
Учителката: Трпе, дали ти ја сакаш твојата мајка?
– Не, мајка ми ме тепа.
Учителката: А, дали го сакаш твојот татко?
– Не, и тој ме тепа?
Учителката: Па, кого сакаш ти тогаш?
– Го сакам Динамо, тој никого не „тепа“.