Тужител повикува сведок, баба од 80 години и ја прашува:
- Госпоѓо Трпана, дали ме познавате?
- Како не те познавам господине, те познавам уште од дете, но да ти кажам многу сум разочарана од тебе. Секогаш лажеше, ја изневеруваше жена ти, оговараш луѓе позади грб, манипулираш со нив. Вие мислите дека сте фаца, а уствари немате мозок ни колку една мува без глава... Да, јас добро ве познавам…
Тужителот потполно збунет поторно ја запрашува:
- А госпоѓо Трпана дали го познавате овде присутниот бранител?
- Да нормално дека го знам, го познавам господинот уште кога беше млад дечко. Тој е мрзливец, превртлив, а и има проблем со алкохолот. Со него не може да се воспостави нормален контакт, го бие глас и дека е најлош адвокат во земјава… Да не спомнувам дека ја изневерува својата жена со уште три… во која спаѓа и вашата жена. И него добро го познавам…
Бранителот слушајки го ова само што недобил инфаркт.
Судијата запрепастен ги повикува двајцата адвокати и тивко им шепнува:
- Слушајте вие двајца идиоти, ако ја прашате бабата дали ме познава, двајцата ќе летате во затвор…
Еден маж беше бвинет за убиство со предумисла. Прашан од судија:
- Ова е крваво убиство. Како се браниш?
Обвинетиот:
- Таа беше толку глупава што морав да ја убијам.
Судија:
- Тоа не го сметам за олеснителна околност.
Обвинетиот:
- Па, добро, почитуван судијо… да ви кажам како беше. Живееме во зграда. Над нас живееше семејство со две деца. Беше навистина тажно, децата беа со многу низок раст. 12 годишниот син бил висок само 80 цм, а постариот син од 19 години, само 85 цм. Еден ден, во разговор со жена ми, и велам дека е навистина тажно и ги жалам.
- Да, рече жената…. ова се Пиринеите.
- Дали мислеше Пигмеј?
- Не, Пигмеите се она што ни е под кожата и ќе поцрниме.
- Тоа е пигмент.
- Не… Пигмент бил она на кое пишувале античките Грци.
- По ѓаволите, жено, тоа беше пергамент.
- Не, пергамент е кога некој чита или прикажува само еден дел од некое дело.
- Почитувани судии, веројатно претпоставувате дека веќе немав волја да и објаснам дека тоа е фрагмент. Седнав на кауч да читам весник. Наскоро дојде жена ми со книга во рака, легна до мене, ја отвори книгата и почна да чита дел од некој текст:
- Душо, види: Сончевата тераса на чантата беше учителка на макро 15.
Ја зедов книгата, ја погледнав и и реков:
- Почитувани, ова е книга на француски јазик и пишува: La Marquise de Pompadour est la Maitresse de Luuis XV, што значи дека Маркиза де Помпадур била вљубена во Луј XV.
- Не, рече таа – Ла Маркиза е сончева тераса, Помпадур е чанта, ла Маитресе е учител, а Луј XV има 15 години. Макро. Јас го знам ова премногу добро со сигурност. Немав за џабе дополнителни часови по француски и вежби со мојот легионар.
- Дали мислеше на лектор?
- Не, предавачот е грчки херој.
- Тоа беше Хектор и тој беше Тројанец.
- Не, Хектор е мерка за површината.
- Мерењето за површината е хектар.
- Не, хектар е божествен пијалок.
- Жено, нектарот е божествен пијалок.
- Не, тоа е река во Германија.
- Реката во јужна Германија се вика Некар.
- Не го знаеш ти тоа, јас уште од мала пеев со другарка ми во дуо за реката Нектар.
- Во дует, тоа сакаше да кажеш.
- Не, дует е кога играат Барса и Реал.
- Почитувани судии, тогаш го зедов чеканот и ја удрив по главата. Конечно ја затвори устата.
Судија:
- Обвинетиот е ослободен…. Јас ќе ја убиев уште кај Хектор…
Почитуван судија!
На ден 26.01.2011 година на автопатот Скопје-Велес забележав кружен црвен знак со бела позадина на кој го имаше запишано бројот 70, но после бројот не видов никаква ознака за мерната единица.
Како што и самите знаете дека во Македонското сообрание на 15 септември 1992 година(НН 123/92) е донесен законот за мерните единици кој гласи: Мерните единици се одредуваат на основа на SI системот. Во тој систем пишува дека мерка за должина е метар, а мерка за време е секунда.
Мерката за брзина е должина / времето. Неможам да си замислам како МВР оди спортивно од Законот на РМ. Значи, ако до знакот не стои мерна единица тоа знаи дека се работи за мерната единица која во РМ меѓународно е прифатена. Така јас, почитуван судија, претпоставив дека се работи од 70m/s, односно нешто повеќе од 250 km/h. А јас возев 180km/h што е далеку од дозволените 70 m/s(252km/h) и Ве молам да ми ја вратите возачката дозвола.