Почитуван судија!
На ден 26.01.2011 година на автопатот Скопје-Велес забележав кружен црвен знак со бела позадина на кој го имаше запишано бројот 70, но после бројот не видов никаква ознака за мерната единица.
Како што и самите знаете дека во Македонското сообрание на 15 септември 1992 година(НН 123/92) е донесен законот за мерните единици кој гласи: Мерните единици се одредуваат на основа на SI системот. Во тој систем пишува дека мерка за должина е метар, а мерка за време е секунда.
Мерката за брзина е должина / времето. Неможам да си замислам како МВР оди спортивно од Законот на РМ. Значи, ако до знакот не стои мерна единица тоа знаи дека се работи за мерната единица која во РМ меѓународно е прифатена. Така јас, почитуван судија, претпоставив дека се работи од 70m/s, односно нешто повеќе од 250 km/h. А јас возев 180km/h што е далеку од дозволените 70 m/s(252km/h) и Ве молам да ми ја вратите возачката дозвола.

Тужител повикува сведок, баба од 80 години и ја прашува:
- Госпоѓо Трпана, дали ме познавате?
- Како не те познавам господине, те познавам уште од дете, но да ти кажам многу сум разочарана од тебе. Секогаш лажеше, ја изневеруваше жена ти, оговараш луѓе позади грб, манипулираш со нив. Вие мислите дека сте фаца, а уствари немате мозок ни колку една мува без глава... Да, јас добро ве познавам…
Тужителот потполно збунет поторно ја запрашува:
- А госпоѓо Трпана дали го познавате овде присутниот бранител?
- Да нормално дека го знам, го познавам господинот уште кога беше млад дечко. Тој е мрзливец, превртлив, а и има проблем со алкохолот. Со него не може да се воспостави нормален контакт, го бие глас и дека е најлош адвокат во земјава… Да не спомнувам дека ја изневерува својата жена со уште три… во која спаѓа и вашата жена. И него добро го познавам…
Бранителот слушајки го ова само што недобил инфаркт.
Судијата запрепастен ги повикува двајцата адвокати и тивко им шепнува:
- Слушајте вие двајца идиоти, ако ја прашате бабата дали ме познава, двајцата ќе летате во затвор…