Оди човек во продавница за оружје да купи снајпер. Вработениот му го дава најдобриот и го фали:
- Снајперов е толку добар, што можеш со него да ја видиш мојата куќа ондека на ридот.
Го зема човекот снајперот, гледа низ него накај ридот во куќата на другиот и се смешка.
- Што е толку смешно?
- Гледам голи маж и жена како се бркаат низ твојата куќа.
Ѕирка вработениот и се запрепастува. Вади два куршуми од фиока, му ги подава на човекот и му вика:
- Еве ти два куршума. Ако ја погодиш жена ми во глава, а на тој со неа му го откинеш алатот, снајперов е твој без пари.
Ги зема куршумите човекот, ѕирка низ снајперот и му дофрла на вработениот:
- Слушај, мислам дека со еден куршум ќе ја завршам работата.
Си седат дома мажот и жената и на жената и текнало:
-Абе мажу,тече вода во купатилото!
-Е што,јас на перо водоинсталатерот ли ти личам?!
-Абе мажу,столовите нешто се заебани,дај поправи ги!
-Е што,јас на Ставре столарот ли ти личам?!
После некое време мажот излегува,оди на работа,се враќа дома,гледа све средено,не тече веќе вода,столовите здрави и прави и ја прашува жената:
-Абе ти сама поправи све ова?
-Види сега вака,дојде мајсторот,поправи све и ми рече-сега прави ми една торта или натрти се да те опнам!
-И ти,што направи?
-Па јас на Кате слаткарката ли ти личам?!