Внукот му се доверил на својот дедо дека му се оди на одмор, некаде нагоре, Хрватска, Италија.... Дедото ја слушнал желбата и му рекол:
- Јас никогаш подобро не сум си поминал отколку во Трст. Тоа беше незаборавно! Еднаш влеговме во кафана, испивме се што имаше, ги свртевме сите жени и на крај од бес ги извадивме и се измочавме на шанк. И никој ништо не ни кажа!
Внукот се попалил, отишол во Трст и за 15 дена се враќа дома, помодрен од ќотек.
- Ама што се случило?
- Море да ти е*ам и Трст и сè. Направивме исто како и ти. Некако не толерираа со пијачката, со жените не ни одеше баш најдобро ама кога ги извадивме да се измочаме на шанк ни рипнаа и не сoкапаа од тепање.
- Внучко, а со кого беше?
- Па, со еден другар. А ти со кого беше во Трст?
- Па и јас бев со другарите, со Мирко, со Славко, со партизаните...
Шефот: Имаш 50 цигли во авион, фрлаш една,колку ти остануваат?
Кандидатот: 49
Шефот: Како во три потези ќе ставиш слон во фрижидер?
Кандидатот: Отворам фрижидерот, го ставам слонот внатре, го затворам фрижидерот.
Шефот: Како во 4 потези ќе ставиш жирафа во фрижидер?
Кандидатот: Отворам фрижидерот,го вадам слонот, ја ставам жирафата, го затворам фрижидерот.
Шефот: Лавот слави роденден, дали сите животни се присутни на забавата?
Кандидатот: Не, жирафата е уште во фрижидерот.
Шефот: Како баба ќе помине река полна со крокодили?
Кандидатот: Лесно, само ќе преплива бидејќи крокодилите се на роденден кај лавот!
Шефот: На крајот, бабата умира,зошто?
Кандидатот: Се удавила?
Шефот: Грешно! Ја погодила циглата од авионот! СЛЕДНИОТ!!!
Оди некоја баба по улица и влече две големи вреќи.
Од едната вреќа паѓаат 20 евра.
Наидува полицаец, ги зема и ѝ вели на бабата:
- Извинете, ви паднаа 20 евра.
- А, фала, вратете ги во вреќата!
Тргнува бабата понатаму, кога полицаецот:
- Чекај, бабо, не може така...
Од каде ти е тебе вреќава полна со пари?
- Ех, синко, еве од каде...
Живеам близу стадионот, и секогаш кога има фудбалски натпревар сите влегуваат во мојот двор да се олеснат.
Кога ми се смачи од тоа, купив огромни ножици и се сокрив зад една грмушка, па кој ќе дојде да моча, му се заканувам - или дај 20 евра, или сечам!
- Браво, мори бабо, ептен паметно си изиграла.
- А што имаш во вторава вреќа?
- Ех, синко...
- Има и такви кои не сакаат да платат.