Оди некоја баба по улица и влече две големи вреќи.
Од едната вреќа паѓаат 20 евра.
Наидува полицаец, ги зема и ѝ вели на бабата:
- Извинете, ви паднаа 20 евра.
- А, фала, вратете ги во вреќата!
Тргнува бабата понатаму, кога полицаецот:
- Чекај, бабо, не може така...
Од каде ти е тебе вреќава полна со пари?
- Ех, синко, еве од каде...
Живеам близу стадионот, и секогаш кога има фудбалски натпревар сите влегуваат во мојот двор да се олеснат.
Кога ми се смачи од тоа, купив огромни ножици и се сокрив зад една грмушка, па кој ќе дојде да моча, му се заканувам - или дај 20 евра, или сечам!
- Браво, мори бабо, ептен паметно си изиграла.
- А што имаш во вторава вреќа?
- Ех, синко...
- Има и такви кои не сакаат да платат.