Корисникот неможе да се поврзе на интернет.
Сервисер: Дали сте сигурни дека ја користите правата лозинка?
Корисник: Да сигурен сум. Истото го внесуваше и мојот колега како лозинка.
Сервисер: Можете ли да ми ја кажете вашата лозинка?
Корисник: Пет ѕвездички...
Сервисер: Кликнете на иконата "My computer" на левата страна од екранот.
Корисник: Ваше лево или мое лево?
Сервисер: Што гледате сега на вашиот монитор госпоѓице?
Корисник: Мечето коешто мојот дечко ми го купи во супермаркет.
Сервисер: А сега притиснете F8.
Корисник: Не работи.
Сервисер: Што точно направивте?
Корисник: Го притиснав F тастерот 8 пати, баш како што ми кажавте но ништо не се случува...
Сервисер: Вашата лозинка е мало "ј" како јаболко, голема буква "В" како Виктор, и бројот "7".
Корисник: 7 со голема или мала буква?
Сервисер: Кој антивирусен програм го користите?
Корисник: Netscape.
Сервисер: Тоа не е антивирусна програма.
Корисник: Уф, извинете, Internet Explorer...

Станува збор за професор по математика од оние кои сакаат да си кажат:
“Само Бог знае за 5-ка, јас знам за 4-ка, а вие, во најдобар случај можете да добиете 3-ка“.
Решил да ги изненади учениците па им дал необична задача која изгледала вака:
- Замислете дека сте во автобус со уште 25 патници, кој се движи со брзина од 60 km/h, правец југозапад, температурата е +20°C, покрај патот тече поток во кој температурата на водата е +14°C, на шоферот му фалат 2 предни заба и сето ова се случува во сабота.
- Колку години имам јас?
Во класот нормално дека завладеала тишини, а професорот победнички се смешкал...
И тогаш Перица дигнал 2 прста.
Професорот (цинично) му рекол.
- Ајде Перица да видиме баш...
Перица:
- Вие имате 44 години!
Професорот:
- Браво! Како погоди???
Перица:
- Па, многу едноставно, Кај мене во маало има еден Перо кој има 22 години и сите велат дека е “ПОЛУ-ИДИOT“!