Станува збор за професор по математика од оние кои сакаат да си кажат:
“Само Бог знае за 5-ка, јас знам за 4-ка, а вие, во најдобар случај можете да добиете 3-ка“.
Решил да ги изненади учениците па им дал необична задача која изгледала вака:
- Замислете дека сте во автобус со уште 25 патници, кој се движи со брзина од 60 km/h, правец југозапад, температурата е +20°C, покрај патот тече поток во кој температурата на водата е +14°C, на шоферот му фалат 2 предни заба и сето ова се случува во сабота.
- Колку години имам јас?
Во класот нормално дека завладеала тишини, а професорот победнички се смешкал...
И тогаш Перица дигнал 2 прста.
Професорот (цинично) му рекол.
- Ајде Перица да видиме баш...
Перица:
- Вие имате 44 години!
Професорот:
- Браво! Како погоди???
Перица:
- Па, многу едноставно, Кај мене во маало има еден Перо кој има 22 години и сите велат дека е “ПОЛУ-ИДИOT“!
Влегува плавуша во банка во Њујорк и бара од службеникот позајмица. Сака да оди две недели во Европа и и требаат 5000 долари.
Службеникот и побарал гаранција, а таа ги понудила клучевите од нејзиниот нов Ролс Ројс, паркиран веднаш пред банката.
Банкарите провериле и го прифатиле автомобилот како гаранција. Сите службеници во банката се воодушевиле, затоа што плавушата дала гаранција од 250.000 долари.
По две недели, плавушата се вратила, им ја вратила позајмицата на службениците и ги платила камата од 20 долари.
Службеникот и се заблагодарил и и рекол дека сите се среќни што соработувале со неа, но малку биле збунети.
- Додека бевте отсутни – и се обрати службеникот, проверивме дека сте мултимилијардерка, но, не збунува тоа зошто се мачевте околу тие 5000 долари?
- Па каде на друго место, во Њујорк, би го паркирала својот автомобил, две недели, на сигурно, а само за 20 долари !!! – одговорила љубезно плавушата.