На поштарот му е последен ден на работа после 35 години верно служење во својот реон. На последната обиколка, од првата куќа го пречекува целото семејство, му честитаат и му даваат подарок во плик.
Во втората куќа повторно истото, но добива штека цигари.
Доаѓа тој кај третата куќа и вратата ја отвара прекрасна млада жена облечена само во долна облека. Таа го фаќа за рака, го носи во кревет, водат љубов, го носи во кујна, му дава доручек, шолја кафе и банкнота од 100 денари под шолјата.
Поштарот се уште возбуден од прекрасниот подарок, прашува:
– Се беше одлично, мора да признаам, но, не ми е јасно, зошто ми давате 100 денари.
– Па, вчера вечер со маж ми почнав муабет за тоа што да ти дадеме поклон за пензионирање. Неговата реакција беше “Јеби га, дај му 100 денари”. Доручекот беше моја идеја.
Жена заминува на одмор во Барбадос.
По пристигнувањето, таа запознава црнец и по една ноќ на страсна љубов, го прашува како се вика.
- Не можам да ти кажам, - одговора црнецот.
Секоја вечер се среќавале и воделе љубов, а таа го прашувала како се вика, а тој секогаш исто одговарал дека не може да и каже.
Последната вечер во Барбадос, таа повторно го прашаува:
- Те молам, ќе сакаш ли да ми кажеш како се викаш?
- Не можам да ти кажам бидејќи ќе ми се смееш.
- Верувај ми, навистина немам причина да ти се смеам.
- Добро, јас се викам Снег!
Жената пукнала во хистерична, почнала да се смее, а црнец налутено и рекол:
- Знаев дека ќе се смееш!
- Не, не се смеам на твоето име.
- Мислам дека мојот сопруг нема да ми поверува кога ќе му кажам дека секој ден имав по 25 см снег на Барбадос.