Вицови за војната и војниците
Некој војни се враќа од фронтот во родната Англија и патува со воз.
Сите места се зафатени, во едно купе седи млада девојка, а до неа на седиштето седи кученце.
Војникот ја прашува:
- Се извинувам млада дамо, дали можам да го искористам местото за седење до вас?
- Вие војници сте апсолутни будали! Нели гледаш дека ова место е за моето кутре?!
- Госпоѓо! Во ред е јас многу сакам кучиња, дома имам две. Дозволете ми да седам на ова место и кученцето може да го чувам во скут.
- Не само што вие војниците сте прости, туку сте и апсолутно дрски.
На војникот му прекипало, го отвора прозорецот, го фаќа кутре и го фрла надвор.
Дамата во шок не може да каже ништо, а до неа еден постар господин му се обраќа на војникот:
- Млад човеку! Не се согласувам со зборовите на дамата за војниците, но должен сум да напоменам дека некои работи не ги прават како што треба. Вие не војувате како што треба, не јадете со нож и вилушка, и еве го последниот пример
- ја исфрливте погрешната kучka од прозорецот.
Некој фармер купил млад убав петел за да го замени веќе стариот и изморен петел и да си го обнови кокошарникот.
Кога го пуштил во дворот, младиов петел му приоѓа на стариот и му вика:
- Добро стари, времето ти измина, тргај се на страна, ја преземам од денеска.
- Ама младичу, и така не можеш со сите кокошки сам да се справиш, дај да ги поделиме.
- Ма не доаѓа во предвид, гитла од тука.
- Остај ми ги барем оние две стари во ќошот.
- Не може. Стари, млади, сите се мои.
- Епа, кога е така, ај да се тркаме, кој ќе победи негов е кокошарникот.
- Нема проблем, а да не речеш не било фер ќе ти дадам предност 10 секунди.
Почнале да се тркаат петливе и само што почнал младиов да го стига стариот ги забележува фармерот, ја зема пушката, го застрелува младиот петел и опцува:
- Мајку му стара, ова е трет петел, педер неделава.