Седел Перо тажен во едно кафуле, пред него на масата кригла пиво. Влегол Блажо, седнал до Перо и му го испил пивото. Перо почнал да плаче, па Блажо го прашал:
- Де бре Перо, за едно пиво ли ќе плачеш сега?
Перо одговорил:
- Ма цел ден ми е катастрофа. Ништо не ми оди од рака.
Се загрижил Блажо за пријателот па го прашал:
- Па дај кажи ми што ти се случило, може ќе ти помогнам.
Па Перо почнал:
- Си дојдов дома од ноќна смена, а жена ми со друг во кревет.
- Попладнето ми се јавија од работа да ми кажат дека сум отпуштен и дека не морам веќе да одам на работа, а жена ми во меѓувреме ги испразнила сметките и си побегнала со другиот.
- Ми дојде да се убијам, па земав јаже да се обесам, кога ми се скина на пола.
- Кога пробав со пиштол, ми се заглави куршумот во цевката, а возот заглавил во снегот па не можев ни да се фрлам под него.
- И сега, од последните пари си купив отров, нарачав пиво и го ставив внатре, а ти ми го испи!
На ручек на кој е повикано семејството од соседството, малиот Трпе ја кажува следнава молитва:
- Господе, фала ти што ми даде толку добри родители,
- Фала им на гостите и нивните деца, кои ми ги изедоа сите слатки и сладоледот, благослови ги така што нема да доаѓаат пак.
- Прости му на синот на соседот кој се валкаше со мојата сестра на нејзиниот кревет, и на неговата сестра затоа што го јадеше колбасот од гаќите на мојот брат.
- Те молам, Господе, да им испратиш облека на сите сиромашни за да не им студи зиме, и на сите оние голи тетки од компјутерот на тато.
- И конечно те молам конечно да им изградиш скривалиште на сите јадни мажи, кои се кријат во собата на мама кога е тато на работа.