Семејство на вечера. Синот го прашува таткото:
– Тато, колку вида цицки има?
Таткото зачуден одговара:
– Сине, жената поминува низ 3 фази. На 20 години женските гради личат дињи, заоблени и стегнати. На 30-40 години тие се како круши, уште се убави, малку свиснати. По 50, женските гради се како кромид…
– Кромид?
– Да, ги гледаш и плачеш…
Овој разговор ја заинтригирал ќерката и таа ја прашала мајка си:
– Мамо, колку вида пeниcи има?
– Е, ќерко, мажите исто така минуваат низ три фази. На 20 години пенисите им се како даб – моќни и тврди. 30-40 се како бреза, се наведнуваат, но се уште може да се потпре на нив. По 50 стануваат како новогодишна елка.
– Новогодишна елка?
– Да, мртви од коренот нагоре, а топките се само за декорација…
Еден младич бил малку занесен – не помислувал на cekc и на жени – летал во облаци и се занимавал со глупости.
Арно ама станал 35 години и неговата мајка со сила го оженила за една убава девојка.
За време на првата брачна ноќ тој не направил ништо – нели беше занесен.
Тоа се повторило и втората ноќ, и третата и така речиси цел месец тој не и обрнувал никакво внимание на жена си навечер.
Нејзе и здосадило да чека и решила да го заведе.
Наредната ноќ жената легнала во ноќница и почнала да ја поткрева, да го покажува задникот, да си ги покажува колковите и да стенка.
Нашиот човек ја прашал:
– Што ти е, да не ти е лошо? Зошто стенкаш?
– Не ми е лошо, но многу ми е студено.
– Па покриј се штом ти е студено, што си се разголила?!
– Ама јас не сум навикната така мажу… Навикната сум кога ми е ладно, мама да дојде да легне крај мене, да ме погали меѓу бутовите и така да ме допира и топли додека заспијам.
А нашето момче и рекло:
– Е, убава работа! Сега што треба јас да правам? Во два часот во ноќта да одам да ја барам мајка ти?!

Проблемот не е во тоа што жената го командува мажот во семејството, туку во фактот што крајно погрешно командува. Драги жени, еве неколку докажано функционални команди за мудар семеен менаџмент:
– Доста миеш чинии!!! Марш на риба!!!
– Не сакаш да јадеш чорба? Тогаш ќе јадеш пржена шницла…
– Што само ја меркаш убавата комшивка, целиот влез веќе ја помина, ќе помислат дека сум се омажила за „обратен“…
– Не сакам крзнено палто и ракавици! Дотерај си ја колата и купи и поубав ауспух да не ме срамиш пред луѓето…
– Сакам да се поправиш!!! Твоето сало ме возбудува, а чкембето ти е поудобно од воден кревет…
– Другите мажи веќе шестата ракија ја пијат, а ти се лигавиш со втората!!!
– Наместо да играш Бељот со пријателите, ти ми седиш во куќи!? За тебе кафани нема ли?
– Дојди веднаш и направи ми еден полн третман, оти многу сум уморна и главата ќе ме прсне.