Се враќа жената порано од работа и го фаќа мажот и во спална како води љубов со многу привлечна помлада жена.
- Свињо ниедна! Како се осмелуваш да ми го направиш ова на мене – твојата верна жена, мајката на твоите деца! Те напуштам. Сакам развод веднаш!
Мажот и и рекол тивко:
- Може ли барем да ти објаснам што се случи те молам?
- Во ред, кажи ми, ама да знаеш дека тоа ќе ти се последните зборови што ќе ми ги кажеш!
- Вака... се качував во кола од работа кога оваа млада дама ме замоли да ја префрлам. Изгледаше толку тажна, осамена и нежна, па ми падна жал и ја качив во кола. Забележав дека е многу слаба, во валкана облека. По пат ми кажа дека не јадела цели три дена! Бидејќи ми стана ептен жал, ја донесов дома и ја стоплив пицата што ти ја направив синоќа а ти не сакаше да ја изедеш за да не се здебелиш. Кутрата, за 2 минути ја изеде цела.
Бидејќи беше многу валкана, и понудив и да се истушира. Додека се тушираше, забележав дека облеката и е многу стара, валкана и полна со дупки па и ја фрлив. Бидејќи и требаше облека, и ги дадов твоите фармерки, оние што со години не ги носиш дека ти биле премногу тесни. Исто така и ја дадов долната облека што ти ја купив како подарок за годишнина, а не ја носиш затоашто не сум имал вкус за долна облека. Ја најдов и блузата што ти ја подари сестра ми за Божиќ а ти не ја носиш само за да ја нервираш. И ги дадов и твоите чизми што ги купи во оној скапион бутик а не ги носиш затоа што некоја твоја колешка од работа носела исти такви...
Зима длабока воздишка мажот и продолжува:
- Беше толку среќна и благодарна, само да можеше да ја видиш, додека се облекуваше а јас стоев на врата, со солзи во очите ми рече:
- Те молам господине, дали имаш уште нешто што жена ти одамна го нема користено?
Блажо и Мара че слават 26 год. од бракот, и Блажо а прашуе Мара дека сака да одат, а она вика:
- Блажо, а бе сакам да ме однесиш у ниа стриптиз клубовите, не су била до сеа...
И Блажо а воде у еден, влегуат, ги остават палтињта, и гаредероберката му вика:
- Оо, добро вечер Г-дине Блажо...
Мара се наапуе и , го прашуе:
- Коа е ваа бре.....
- На Ѓоко колегата, ќерка му.....
Иде келнерката, и му вика:
- Добро вечер Г-дине Блажо, има празна маса за вас....
Мара го убива со погледот, а Блажо и вика:
- Смири се Маре, она беше куварка кај нас у фирмата, у мензата....
Седнуат на мас’та, почнуе да се соблекуе стриптизет’та, и каа останала само на гаќи прашуе:
- Ајде, кој вечер че ми и собуе гаќите...
И цело кафене почнало да вика:
- Блажо, Блажо.....
Мара побеснуе, излева од кафењ’то, влева у такси, Блажо по неа и вика:
- Маре ме наместија, ја не и познаам тиа женски, веруј ми..
А таксистот му вика:
- Оо Блажо, шо е ваа работа, до вчера се воземе млади пичиња. кај а најди ваа грда стара бабетина а?!