Седи мајка со дете мало во автобус.До нив застанал некој човек.
Како што си се возеле во автобусот,детево му го гризнало прстот од рака на човекот.Во тој момент мајкава почнала да го мава детето,го треска од автобусот ко ненормална,и на човбеков незгодно му паднало па и рекол
-Добро госпоѓо,не е страшно,малце само ме гризна,па мало дете е,нема смисла.
А мајката,изнервирано:
-Аааааааааа,прст ваму,прст таму и после дома ручек не ми јаде!!!
Трпе и Гоце се враќаат дома од кафана, ама одлучуваат да одат по краткиот пат, преку гробишта.
Само што влегле на гробишта, слушаат тие силно удирање. Се преплашуваат и двајцата, па ѕиркаат лево, десно да видат од каде доаѓа тропањето. Кога, ете го позади една грмушка човек со чекан и длето удира по една надгробна плоча. На двајцава и олеснува, а Трпе проговорува:
- Господи, колку не исплаши, мислевме дека си некој дух! Па, добро бе човеку, што правиш волку касно на гробишта?
Човеков одговара:
- Будалите ми го згрешиле името!