Компјутерска терминологија:
TCP/IP - Три црни пива/И Пуканки
DHCP - Дупли Хмељ за Црни Пива
WINS - Вино Има,Наточи за Сите
ASP- Ајде Сите Пијте
PPP- Пијам Пиво Попладне
DVD- Дај Вино Друже
ISA- Идат Старите Алкохоличари
GPS - Горско Пиво за Сите
ODBC - Однеси Два Балантајна на Цурине
DNS - Дај Ни Соленки
ARP - Ајде Радосни Пијаници
PAP - Пеколно Алкохоличарите повра?аат
ADO - Алкохолот Доаѓа Одма
.NET - Нека Етанол Тече
SRC - Сепак Ракија за Цурите
AGP - Алкохол Господата Пијат
DDR - Донеси Домашна Ракија
FTP - Ферментација Топла Препорачувам
UTP - У Тегла Пијам
AGP - Ајде Голтни Пивце
TELNET - Точено Ефтино Литро Но?е Елиминира Тегоби
PING - Пивска Индустрија Некогашен Гигант
WWW - Водка Води кон Вандализам
3D- 3 Домашни
GPRS - Големо Пиво и Ракија Сместа!
BMP - Бил Мамурен После...
USB - Уживај во Стрејт Бурбон
DSL - Дај за Сите Лозова
P2P - Прати 2 Пива
CSS - Цврцкај само Смирноф
DOS - Дај Отвори Смирноф
ISDN - Исто Само Дупло Наточи
PDF - Пиеме До Фајронт
MP3 - Мали Пива 3
JPG - Јагодинско Пиво Големо
TTF - Точи Таа Финландијата
UPS - Удри По Шљивовица
SQL - Стави Коцка Лед
VoIP - Вињакот Одма Испиј го Пијандуро!
WIN XP - Водка Исклучиво на ЕКС Пијам

Ѓаволот фатил Русин, Македонец и Американец и им рекол:
– Кој ќе ми покаже што е тоа вистински ќеф, ќе го пуштам жив, ако не – во пеколот!
Русинот го поканил на вотка. Пиеле вотка, мезеле со краставички и така цела ноќ. Ѓаволот се израдувал:
– Ќеф, ќеф, ќеф!
Наутро очите матни, глава го боли… Ѓаволот се налутил:
– Ова ли е ќеф бе – и оп Русинот во пеколот.
Американецот го поканил на виски. Пиеле виски, мезеле со ф’стаци и така цела ноќ. Ѓаволот се израдувал:
– Ќеф, ќеф, ќеф!
Наутро очите матни, глава го боли… Ѓаволот се налутил:
– Ова ли е ќеф бе – и оп Американецот во пеколот.
Македонецот го однел во една кафеана и нарачува:
– Гајба пиво и 50 кебапчиња.
Испиле по три пива и Ѓаволот:
– Ми се моча!
– Чекај! Не брзај! – Го запрел Македонецот.
Испиле по седум пива и на Ѓаволот веќе му се плачело:
– Ми се моча-а-а-а…
– Чекај! Не брзај! – Го запрел Македонецот.
Ја испиле целата гајба пиво, а Ѓаволот веќе лелекал:
– Ми се моча-а-а-а!!!
– Доста плачеш! Ајде, оди мочај! – Му дозволил Македонецот.
Отрчал Ѓаволот зад аголот и се слушнало олеснително стенкање:
– Оооо, е ова било вистински ќеф…

Мажот љубител на бокс почнал да се подготвува порано за извонредното финале на телевизија за време на викендот – тешка категорија, натпреварот на векот, итн. итн.
Си купил ракија, пиво, разни мезиња, си направил салата, си ја наредил масата мераклиски и се оптегнал на креветот како цар.Нестрпливо и со голем мерак чекал да започне натпреварот.Боксот почнал и… нашиот човек дури не успеал да ја пивне првата голтка: Во 8-та секунда – нокаут. Крај на боксот! Во тој момент жена му излегла од кујната и му рекла:
– Е, сега веќе ме разбираш – нели?
Стои ситен маж разочаран во кафана… пред него – пиво.
Влегува еден набилдан тепач, го тапка по рамото ситниов и му го пие пивото на екс! Ситниот маж почнува да плаче…
Тепачот:
– Доста бе, плачко! За едно пиво ли ќе лелекаш?!
Ситниот маж:
– Слушај сега: Рано сабајлево жена ми ме напушти, куќата ми е празна, банкарската сметка – уште попразна! Потоа отидов на работа и ме отпуштија! Не сакав да живеам повеќе! Легнав на шините – го промениле правецот на возот! Сакав да се обесам – јажето се скина! Сакав да се застрелам – пиштолот заглави! И сега, купувам пиво со последните пари го ставив отровот внатре и ти ми го испи!