Се јавува некој на Хируршка клиника во Скопје и прашува:
- Ве молам, може ли да ми кажете каква е состојбата со Трпе од соба бр. 6?
- Ааа, веднаш господине, само ве молам да земам картонот. Да, значи вака, раната убаво зараснува, гипсот ќе го извадиме во понеделник!
- А ве молам, кога ќе го пуштите дома?
- Па во вторник ќе направиме рентгенски снимки и ако е сé во ред, во среда ќе може да си оди дома. А вие господине сте од семејството на пациентот?
- Не, jас сум Трпе од соба бр. 6. Овде никој ништо не ми кажува, затоа ви се јавив. Фала и пријатно!
Трпана неколку месеци не е арна, ослабена, безвољна, замислена...
Направи сите прегледи, крв, мокраќа, ЕКГ... и се е во ред. На крај Трпе оди на доктор да види што е.
Докторот му вели:
- Јас колку што разбрав од разговор со жена ви не е ништо физичко, едноставно сте ја запоставиле сексуално, затоа е таква, треба барем 3 пати неделно да водите љубов со неа и таа ќе се препороди,инаку може само на полошо да и оди!
Си оди Трпе дома и жена му го прашува:
- Што ти рече докторот ?
А Трпе и вели:
- Жено, рак не е, али спас ти нема.