која им отворила врата, кај неа да преноќат.
– Знам дека надвор е големо невреме, но неодамна останав вдовица, па луѓето би можеле сешто да зборуваат ако ви дозволам да преноќите кај мене дома – рекла вдовицата.
– Немојте да се грижите, рекол Трпе, ние ќе преспиеме во шталата, а штом времето се поправи, ќе си одиме!
Жената се согласила и тие преспале во шталата.
Утрото времето се поправило и Трпе и Цветко си го продолжиле патот.
Остатокот од викендот го поминале уживајќи во скијањето.
Околу девет месеци подоцна, Трпе ненадејно добил писмо од некој адвокат. Му требало некое време да разбере дека се работи за адвокатот на згодната госпоѓа од фармата.
Отишол тој кај Цвеко па го запрашал:
– Слушај, се сеќаваш ли ти на згодната вдовица кај која што преспавме кога не фати невреме?
– Да, се сеќавам. одговорил Цветко.
– Дали ти можеби стана среде ноќ и ја посети госпоѓата?
– Па…да. – рекол Цветко, вцрвувајќи се бидејќи бил откриен. Морам да признам дека отидов кај госпоѓата.
– И да те прашам, дали случајно се престави со моето име наместо со твоето?
Цветко пребледел.
– Да, така се преставив – извини другар, зошто прашуваш?
– Неодамна починала и се ми оставила мене. – рекол Трпе.