Трпе работел во Германија со Германец, Французи и Англичанец на згради повисоки од 30 ката, секој ден пешки се качувале горе, и поради висината горе и ручале, а навечер се спуштале доле и оделе во заеднички хостел на спиење. Условите биле такви да секој ден јаделе исклучиво сендвичи.
Еден ден Германецот се пожалил дека женаму 20 години му прави ист сендвич, и дека ако и утредента има ист сендвич, ќе се фрли и остави писмо зошто го направил тоа.
Тогаш сите се согласиле дека 20 години јадат исти сендвичи и дека ако и удредента имаат ист сендвич сите ќе остават писмо и ќе се фрлат од зградата.
Устредента сите имале исти сендвичи и како кажале така и направиле, сите оставиле писмо и се фрлиле.
Ги закопале заедно бидејки 20 години биле неразделни.
На погребот сите нивни жени коментирале дека не требало така да направат, и дека ако знаеле секој ден ќе им правеле различни сендвичи, и дека не требало така да постапат, на тоа Трпана им вели:
Да Вие сте во право но јас што да кажам, Трпе секогаш сам си ги правеше сендвичите!!!
Во Македонија дошле двајца терористи од една блискоисточна земја со намера да ја спроведат "Алаховата казна над македонските неверници."Еве како тоа изгледало:
Недела, 20:47
Стигнуваат во Скопје. Го напуштаат аеродромот Александар Велики по 8 часа од слетувањето, бидејќи багажот им се изгубил. Нивната авиокомпанија не ја презема одговорноста за багажот, а еден аеродромски службеник им предложил на терористите да дојдат утредента, па со малку среќа, можеби...
Седнуваат во такси. Само со еден поглед во ретровизорот, таксистот сфаќа дека се странци па ноќе ги врти во круг едно саат и пол. Откако терористите не приговориле дури и кога таксиметарот покажал 2.000 денари, таксистот решава да собере уште еден ортак кај Белви. Одма ги претепуваат и ограбуваат и ги оставаат некаде пред Арачиново.
Понеделник, 10:30
Откако се освестиле, двајцата терористи некако успеваат да дојдат до Скопје, во хотел. Нарачуваат рент - а- кар. Се упатуваат повторно кон аеродромот Петровец но попат се блокирани од штрајковите на просветните работници и земјоделците.
Понеделник, 15:45
Сепак стигнуваат на Александар Велики, цврсто решени да свртат авион од својата рута и да го срушат врз Собранието на РМ. Но, пилотите и стјуардесите штрајкуваат барајќи поголеми плати, а во знак на солидарност, им се придружуваат и луѓето од контролата на летање. Единствениот расположлив авион е оној на албанската компанија која има силни врски со функционери во ДПА. Во меѓувреме доаѓа делегација од ДУИ која сака да лета во Швајцарија. Настанува гужва межу нив и персоналот. Во општата тепшачка најмногу страдаат двајцата Арапи.
Понеделник, 19:05
Конечно се смируваат страстите, во меѓувреме престанува со штрајкот откако од министерот за сообраќај и врски добиле уверување дека нивните барања сериозно ќе бидат разгледани на некоја наредна седница на Владата. Облиени со крв, терористите доаѓаат до шалтер на кој им продаваат два билета но им премолчуваат дела летот е одложен.
Понеделник, 20:07
Терористите веќе почнуваат да се расправаат дали да продолжат со планот или не. Во текот на расправата се појавува и прашањето дали уништивањето на Собранието е терористички чин или акт на милосрдие.
Понеделник, 21:00
Изгладнети, решаваат да каснат нешто во аеродромскиот ресторан. Нарачуваат сендвичи со телешка салата.
Вторник, 08:35
Мајонезот бил тотално расипан па завршуваат во Клинички центар каде цела ноќ чекале во ходник некој да ги згрижи. Работата би била готова за неколку дена ако попат не се појавиле сомневања за салмонела.
Недела, 17:20
12 дена подоцна, излегуваат од болница и по мала прошетка доаѓаат до Градски стадион. Вардар штотуку изгубил од Шкендија па лутите комити беснеат наоколу. Двајцата Арапи им заличуваат на противнички навивачи и почнуваат ги каменуваат. Водачот на комитите успева и сексуално да ги злоупотреби двајцата терористи.
Недела, 18:45
Навивачите конечно заминуваат а терористите одлучуваат, иако е грев, првпат во животот да се напијат алкохол. Купуваат ракија од пазар. Им увалуваат вештачка лозова, полна со метанол па завршуваат во Градска. Тестирањата покажуваат дека и двајцата се позитивни на ХИВ.
Вторник, 23:42
Двајцата терористи решаваат пешки да заминат на исток, накај дома. Пред да тргнат на долгиот пат, цврсто му се заколнуваат на Алах дека вакво нешто друг пат нема да им падне на памет.
Драги наши,
Не можеме да го конфирмуваме нашето доаѓање ова лето, но како што работите стојат, изгледа дека ќе мора да ги кенселуваме нашите тикети кои ги букиравме, бидејќи нè уби ратата за таунхаусот што ја купивме. За тикети имаме, ама некако не можеме да собереме за презентс за сите вас.
А јебига, без тоа не ни се доаѓа. Неќеме да нè сметате за некакви си панкови, како што зборуваат за Перо и неговите кога на своите дома им донесоа по $100 долари, како ништо да не работеле во Канада.
Ние така не сакаме. Или доаѓаме како аџии или никако. Затоа се договоривме да сејвуваме што повеќе можеме и да ви се одолжиме за следниот векејшн. Инаку, тука живееме доста добро.
Јас работам фул тајм и уште два парт тајма, а Трпана пронајде и трети парт тајм преку викендите, но добро ги ускладивме шифтојте, па можеме да се гледаме секој втор вик.
Може тоа е малку незгодно за Џесика, но неа и плаќаме дејкер после училиште, а од таму ја зима нејзината бебиситерка и ја носи дома на бед тајм.
Таа, иако е мала, сфаќа дека толку работиме за нејзино добро и дека вака мора да биде додека не ја отплатиме ратата. Секој фритајм го користиме да бидеме со неа, па ластсамр успеавме да ја однесеме на Грејт Лекс.
И купивме и хот-дог и ајскрим и од тогаш на сите им раскажува колку и било бјутифул. Јас имам доста работа околу таунхаусот, ја катувам тревата, чистам и некако имам по неколку часа да го средам бејсментот бидејќи сакаме да го рентаме и така да го зголемиме инкамот.
Како што гледате, дека не е лесно – не е, но кога човек е хард воркер и кога добро ќе испланира скеџуал, може да постигне.
Јас фино ја дотерав линијата на 130 паунди, па некои наши комшии тука се шегачат дека се исушив од што работам и спијам само четири часа, но тоа е само затоа што се џелос на мене.
На човек ништо повеќе не му треба, а и тоа се само првите 25-30 години, додека не ја отплатиме ратата, а после ќе уживаме.
Слушнав дека Стојмир и оваа година оди за Македонија. Тоа е, му се може кога веќе 10 години развозува пици за пари, а жена му отвори бјути салон во станот, па овие нашиве гуски навалиле ко нездрави на херкат кај неа.
Но, што им вреди кога не знаат да инвестираат, туку сите пари им одат на некои патувања и други ступид шеми. Затоа цел живот ќе биде гуска која го рента својот апартмент, а ние имаме проперти и сејвинг акаунт во банка. А, тој постојано мејкс фан од мене и раскажува околу колку сум фул и не знам да живеам.
Скоро секој сатрдеј навечер јас и мојата Трпана пиеме по еден кејс пиво, од оној малиот од сикс. Додуша, она пие само по едно затоа што мора на најтшифт од 9, но затоа јас рилекс и смачкувам сè останато и во сандеј работам дури од 8 наутро.
Затоа, кога ќе го видите Стојмир не му верувајте што зборува, бидејќи тој не е човек за респект. Тоа е ризн зошто не ви пратив долари по него, затоа што знам дека ќе каже дека сум голотија и дека немам ни за себе.
Моментално да, темпорари сме малку шорт, но тоа е само додека не го отплатиме ратата, првите 25-30 години. После сите ќе уживаме!
Ве поздравува сите вашиот брат Трпе!
Бегале партизаните од германците и се скриле кај една баба дома. Дошле германците кај бабата на врата, влегуваат и ја прашуваат:
- Бабоо, кај се партизаните?
- Не знам бе јас, кај ме најдовте мене.
- Бабоо, кажувај кај се партизаните, ќе ти ги исечеме нозете.
- Абе кај ме најдовте мене, јас стара, не гледам убаво, не слушам убаво, не знам кај се партизаните.
И ги исекле нозете на бабата и си отишле. После некое време излегле партизаните, ја гледаат бабата и запрепастени ја прашуваат:
- Бабо бе,што ти се случи?!
- Абе деца мои, лажев за вас, да не ве најдат германците, да не ве убијат.
- Ееееее бабо, бабо, гледааш на лагата и се кратки нозете!