Си доаѓа Трпе од училиште и татко му го прашува:
- Сине, како оценките?
- Маршираат, тато, маршираат!
- Како бе сине маршираат?
- Ќе ги видиш во дневникот тато, еден,два,еден,два,еден,два,еден,два.
Седат два Грка во авион, до прозорецот и на средното седиште. Доаѓа Цветко, седнува до нив, се раскомотува и ги соблекува чевлите. Гркот до прозорецот вели:
- Мислам дека ќе одам по кока-кола.
На тоа Цветко му вели:
- Братче, да не се провлекуваш, јас ќе ти донесам.
И додека бил отсутен, едниот Грк му плукнал во чевелот. По пет минути, истата сцена, само со вториот Грк и со другиот чевел. Слетува авионот, Цветко ги облекува чевлите, се намуртува и вели:
- До кога, бре, оваа омраза, нетрпеливост, плукање во чевлите, мочање во кока-кола и слично..