Се вратил Трпе еден ден од работа дома и ја нашол Трпана како седи на прагот со спакувани куфери.
Ја прашал каде ќе оди, а таа му рекла: – Одам во Лас Вегас. Денеска разбрав дека таму можам да заработам 400 долари од ноќ за она што тебе ти го давам за џабе. Размислил Трпе малку, па отишол во куќата и тој се спакувал па се вратил кај Трпана. Таа го прашала: – А каде пак ти планираш да одиш? – Доаѓам со тебе. Баш би сакал да видам како планираш да живееш со 800 долари годишно.
Цветко се шетал по пустината со неговата камила. Одеднаш камилата се расипала и застанала. Цветко ја однел на мајстор, а мајсторот пак му вели:
- Оваа нема да запали, туку ајде со мене во каналот!
Мајсторот ја поставил камилата на каналот, земал два камења и ја удрил камилата по мадиња. Камилата летнала од болка, преку ѕидови, високо нагоре.
Цветко се вознемирил:
- Абе мајсторе, ами јас сега како ќе ја стигнам?!?
- Ајде на каналот…
Земал камењата и ги удрил мадињата на Цветко, а овој летнал од болка. Потоа чиракот му рекол на својот мајстор:
- Абе мајсторе овие не ни платија!!!
- Ајде и ти на каналот!!! – рекол мајсторот.
Во црквата свештеникот држи проповед за 10-те божји заповеди.
Кога зборувал за заповедта “не кради”… … забележал како Трпе во првиот ред почнал непријатно да се врти на сите страни. Подосна кога кога стигнал до “не ја посакувај жената на ближниот свој”, Трпе се смирил и на лицето му се забележала насмевка. По службата, свештеникот му приоѓа на Трпе и го замолува да му го објасни неговото однесување.
- Знаете, оче, додека говоревте за заповедта “не кради”, забележав дека ми го нема чадорот. Но штом дојдовте до “не ја посакувај жената на ближниот свој” веднаш се сетив каде сум го заборавил!