Иван сметал дека е паметен и ја замолил учителката да оди директно во средно, а оваа рекла дека треба да прво да го тестира директорот.
Директорот: Ајде Иван да видиме, 3×4?
Иван: 12
Директорот: 6×6
Иван: 36
Директорот: Главен град на Јапонија?
Иван: Токио
Тестот продолжил и по половина час Иван не згрешил, на крајот директорот е задоволен, но учителката сака да го праша уште нешто Иван.
Учителката: Добро Иване, кравата ги има четири, а јас ги имам две, што е тоа?
Иван: Нозе учителке.
Учителката: Точно Иван. Што има во твоите панталони, а во моите го нема?
Директорот е изненаден од ова прашање.
Иван: Џебови учителке, џебови.
Учителката: Точно. Каде жените имаат највиткани влакна?
Директорот на ова прашање се подготвува да интервенира, но Иван одговара. па во Африка учителке.
Учителката: Што е меко а во рацете на жената станува тврдо?
Директорот ги кокорил очите, ама Иван одговорил: Лакот за нокти учителке.
Учителката: Што е тоа што мажите и жените го имаат на средината од нозете.
Иван: Kолена учителке.
Учителката: Што кај мажените жени е пошироко отколку кај немажените ?
Директорот после ова прашање не може да им поверува на своите уши, но Иван одговорил: Креветот ушителке.
Учителката: Кој дел од моето тело е често највлажен?
Иван: Вашиот јазик учителке.
Учителката: Кој збор почнува на буквата п, а означува нешто што може да биде влажно или суво и што мажите сакаат да го гледаат?
Иван: Пат.

1. Симптом: Студени и влажни нозе.
Причина: Чашата ја држите под неправилен агол и пијалокот ви истекува.
Решение: Внимателно придвижете ја чашата така што отворот да биде насочен нагоре.
2. Симптом: На ѕидот спроти вас има претерано многу светлини.
Причина: Лежите на подот.
Решение: Позиционирајте го телото така да образува агол од 90 степени спрема подот.
3. Симптом: Подот ви изгледа како нефокусиран.
Причина: Гледате низ празна чаша.
Решение: Наполнете ја чашата со пијалок по ваш избор.
4. Симптом: Подот се движи.
Причина: Ве изнесуваат .
Решение: Барем прашајте накаде ве влечкаат .
5. Симптом: Слушате ехо секој пат кога некој ќе прозбори.
Причина: Лежете со уво во празна чаша на масата.
Решение: Однесувајте се пристојно, исправете се.
6. Симптом: Собата се тресе, сите се облечени во бело, а музиката непрекинато се повторува.
Причина: Во болничка кола сте.
Решение: Не се движете. Оставете професионалците да си ја вршат работата.
7. Симптом: Татко ви и вашите браќа изгледаат многу невообичаено.
Причина: Во погрешна куќа сте.
Решение: Прашајте дали можат да ви упатат кон вашата куќа.
8. Симптом: Огромна светлина ве заслепува.
Причина: Спиете на тротоарот.
Решение: Приберете се дома. Кафето помага.
Прво равенство
Маж = јаде + спие + работи + ужива
Магаре = јаде + спие
Значи,
Маж = магаре + работи + ужива
Значи,
Маж - ужива = магаре + работа
На кратко,
Маж што не ужива = магаре што работи
Второ равенство
Маж = јаде + спие + заработува пари
Магаре = јаде + спие
Значи,
Маж = магаре + заработува пари
Значи,
Маж - заработува пари = магаре
На кратко,
Маж што не заработува = магаре
Трето равенство
Жена = јаде + спие + троши
Магаре = јаде + спие
Значи,
Жена = магаре + троши
Значи,
Жена - троши = магаре
На кратко,
Жена што не троши = магаре
Од равенствата 2 и 3 може да се заклучи дека:
Маж кој не заработува = На жена која не троши
Значи мажите мораат да заработуваат пари за жените да не станат магариња! (закон 1)
И жените мораат да трошат за мажите да не станат магариња! (закон 2)
Што добиваме?
Маж + Жена = магаре + заработува пари + магаре + троши
Заклучок од равенствата 1 и 2:
Потребни се две магариња за среќно живеете.